„Омбудсманот е битна фигура во нашето уставно право, но за жал, е партизирана и етнизирана. Кандидатот кој е веќе избран нема стаж работа во заштита на човековите права. Се додека стручноста не избие онака како што Уставот тоа го бара, ние ќе бидеме заложници на вакви персонални решенија кои се партиски договорени уште при градењето на Владата“ Претседателот Димитар Апасиев за изборот на Насер Зибери за Народен правобранител. #ЛевицаОдПарламент ... https://www.youtube.com/watch?v=ffQwiEM8r7Q
Дел од гостувањето на членот на Централниот комитет на #Левица - Андреа Јанков во емисијата ,,Тешки муабети" на #Инфомакс
#андреајанков
...
https://www.youtube.com/watch?v=RhvNLVZUz7o
„Премиерот Заев изјави дека ние се вртиме кон западниот свет, што мене ми изгледа дека сакаат да тераат надворешна политика преку вакцините, значи надворешна политика на ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ - макар да има и поголем број на мртви. Сега кога останавме со празни раце, пак Кина ни излегува во пресрет."
...
https://www.youtube.com/watch?v=-Vehpvw8nq4
? ,,Ја имате Левица која зборува за партизаните и НОБ, и ги имате ДУИ кои пукаат со калашникови. Колку има членови ДУИ кои не се Албанци и колку фунционери? Ние имаме многу фунционери кои не се Македонци. Во највисокото раководство имаме Турци, на пример. Има ли кај нив еден фунционер кој не се изјаснува како Албанец?"
?️ Пратеникот од #Левица Борислав Крмов во ТВ 24
...
https://www.youtube.com/watch?v=4XAhaRsWW-k
Пратениците на Левица - Димитар Апасиев и Борислав Крмов - пристигнаа на конститутивната седница на новиот парламентарен состав.
...
https://www.youtube.com/watch?v=B_L3L_YN0j0
„На булеварот „Борис Трајковски” изминатиов период интензивно се изведуваат градежни активности. Токму спроти големата трафостаница, која скоро беше зафатена со пожар, поради кој половина Скопје остана без струја, се гради голем објект од непознат инвеститор.
На градилиштето не е истакнато информативна табла, што е спротивно на Законот за градење - кој предвидува задолжително поставување на информативна табла со име, назив, вид на градба, како и број и датум кога е издадено одобрението за градбата.
Дали постои причина за овие информации не бидат достапни за јавноста? Дали е ова почеток на нова тајна урбанистичка авантура?
Членот на Советот на Општина Кисела Вода од Левица - Донче Мишовски, на изминатата седница на Советот го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби да извршат инспекциски увид.
Бидејќи се работи за објект во близина на жици со големо напојување, потребно е итно службите да утврдат дали ваквиот објект е во согласност со Деталниот урбанистички план, дали истиот ги поседува сите потребни документи за градба или можеби, се гради со нечиј амин.”
Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
...
https://www.youtube.com/watch?v=rrFjNBKVn28
? „Не е доволно да протестираме и да бидеме лути! Овој народ заслужува повеќе! Здрав систем, за простоен живот! Да се издигнеме над трулежот и неправдата. Да мораат да нѐ слушнат!“
#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024
...
https://www.youtube.com/watch?v=rzBaxiFstz8
Дел од вчерашната атмосфера за време на отворањето на новата канцеларија на Левица - Центар.
#ЛевицаВоЦентар
#ЦрвенЦентар
#ОпштинитеЗаНародот
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=HbSyQnsJ2Mw
АПАСИЕВ: СО ДВОЦИФРЕН БРОЈ ПРАТЕНИЦИ ЛЕВИЦА ЈА ОДЗЕМА МОЌТА НА УЦЕНУВАЊЕ ОД ДУИ
? Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на #Левица во ,,Аргумент плус’’ на ТВ 24.
? „Да не беше Левица со двајца пратеници внатре, до сега ќе поминеа и уставните измени. ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада.
Кога ќе отидете со вашиот крвен политички непријател во една влада, кој останува алтернатива, освен Левица?!
Тезата на Мицкоски е налудничава – „дајте ни 61, сѐ под тоа ќе биде историски пораз“. Обратна е тезата – на овие избори, кога и да бидат, пораз за МАКЕДОНСКИОТ народ ќе биде ако му даде 61 пратеник на Мицкоски, односно ДПМНЕ.
❌ Не заборавјте, ДПМНЕ со 61 пратеник ги амнестираа хашките случаи; не успеа да спроведе попис... Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија.
Оттука, нашата теза е дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување од ДУИ конечно да премине во МАКЕДОНСКА партија којашто ќе ги држи националните интереси како приоритет. Таа партија во моментов е само ЛЕВИЦА.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=_6SI2JqEgdE