Денес, пратениците на Левица поднесоа два предлог ж-закони до Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време.
Со првиот предлог-закон, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.
Со вториот предлог-закон, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците.
Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците.
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=pdkMY0PAC5M
Носителот на советничката листа за Град Скопје - Хактан Реџеп Исмаил заедно со кандидатите за градоначалници и советници од Левица пред споменикот на загинатите борци од НОБ во дворот на владата на Република Македонија положија венец за оддавање на почит кон народните херои од НОБ.
...
https://www.youtube.com/watch?v=9_xDH9Hvg2E
БИТОЛА ДОБИ 17 ХУМАНИТАРНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ
После изгласаната иницијатива, советничката група на Левица поднесе одлука во Советот на Општина Битола за хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани.
Одлуката е едногласно прифатена❗
Локациите на 17-те хуманитарни паркинг простори се наоѓаат на улица "Цар Самоил" и улица "Борка Левата"
Се надеваме на транспарентност од страна на ЈП Паркинзи и Општина Битола за овој хуман гест за најранливите категории.
?Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла , паричните средства ќе се собираат во ставка Социјални Бенефиции од Буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби.
...
https://www.youtube.com/watch?v=sFkihl-JPd0
?(*Контра-реплика на пратеникот Борислав КРМОВ кон заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Манолева на седницата за пратенички прашања манипулираше дека нема проблеми со набавката на лекови за лицата со дијабетес.)
❌„Лековите ги немаше ДЕВЕТ МЕСЕЦИ, единаесет месеци! Кое е тоа оправдување дека ги има?! Ги има неколку дена и потоа пак снемува. И инсулин нема повремено, а тој е ГАРАНТИРАН со закон. Не верувам дека овие луѓе лажат – повремено немаат инсулин, повремено нема ништо.
⚠Велите имало инсулински пумпи? Можеби имало, ама на приватно. Ние зборуваме да станат ЗАКОНСКА КАТЕГОРИЈА, како што предложивме ние – вие да сте обврзани да им ги набавувате, значи да бидат ставени на позитивна листа во Фондот, а не пациентите да ги плаќаат приватно прескапо.
⁉️Јас Ве ПРАШУВАМ дали Вие сте спремни за модернизација, да го поддржите законот кој го предлага Левица, за третманот на дијабетесот да стане законска категорија и да биде обврзувачки за Владата?"
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=YjqXGIOXumg
* Прес-конференција на Реџеп Исмаил - Хактан, член на Президиумот на Левица
Левица денес поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата на Република Македонија практично воведува двојазичност на униформите на полицијата.
„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција.
Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд.
Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет. Практично, Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет.
Практично, сите лажни ветувања на владата за 'европеизација', тука паѓаат во вода.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=FVIuqKXJAqw
И покрај илјадниците граѓани кои вчера протестираа против францускиот предлог, денес претседателот Пендаровски без никаков државотворен сенс - изјави дека го прифаќа понижувачкиот предлог за бугаризација!
Затоа, вечер повторно пред Влада од 19:00 часот, ги повикуваме сите искрени граѓани, професори, интелектуалци, културни работници, студенти - да се обединиме против новото национално предавство.
Борбата за Македонија продолжува - СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ ДО КРАЈ!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
03.07.2022г.
...
https://www.youtube.com/watch?v=IlgHt5BS08c
Членот на Советот на Општина #Богданци, Михаил Тодоров на седницата побара да поранешната министерка Мила Царовска сноси одговорност за пропустите во тек на реставрацијата на училиште во Богданци!
*Прилог од утринската емисија на Телма
...
https://www.youtube.com/watch?v=OyM_eg8qoW0
Прес-конференција на Дарја Мустафаоглу, советничка од #Левица во Советот на Ѓорче Петров за ДУПот градска четврт СЗ 16 кој се наоѓа на границата помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Карпош:
„Ве известуваме за чекорите коишто ги презема и ќе продолжи да ги презема Левица, во однос на овој катаклизмички, урбанистички, односно бетонирани токсичен план, кој е исклучуво во интерес на политичките елити од ДПМНЕ и СДС, како и во интерес на апетитите на инвеститорите.
Токму за ова место во саботата градоначалникот Стојкоски, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а помогнати од министерствата со кои раководи СДСМ, шверцерски протнаа ДУП, кој предвидува над триесет нови згради на овој потег, од кои повеќето се висококатници.
Токму на плацот позади нас, ДПМНЕ на Имер Селмани му се одобри подигнување на дваесет и седумнаесет катници. Од ова место само од изградбата на предвидените станбени единици ќе се оствари профит од фантастични 240 милиони евра. Но, во предвидените над триесет станбени згради, односно 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници, на Општина Ѓорче Петров ќе и донесат 10 000 нови жители и 2675 возила. Иако се планирани нова градинка и ново училиште, тие ќе бидат недоволни да им понудат услуга, како на моменталната бројка на дечиња кои чекаат во општина Ѓорче Петров, така и на децата на семејствата кои ќе бидат вселени во новите бетонски чудовишта.
Дополнително, градинката и училиштето, согласно новодонесениот ДУП, би биле во близина на хемиски фабрики во кои, според нашите информации, би се произведувала козметика, средства за хигиена, средства за чистење, солна киселина, варикина и антибиотици. Овие фабрики се предвидени врз главниот цевковод и постои опасност од хаварија, односно опасност цело Скопје да остане без вода.
Левица подготви претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП поради повреда на законитоста и постапката за придонесувањето на истата. Од овој наш став нема да не оттргнат никакви закани и притисоци. Биле тоа од политичките елити и профитери, биле тоа од засегнатите инвеститори."
...
https://www.youtube.com/watch?v=rBDCArK41L8