говор-на-амар
„Најголемиот непријател на македонското движење е фашизмот и бандата на Михајлов, рекол големиот Георги Димитров.
Денеска, сведочиме дека уште е тоа така. Низ ликот и делото на Ванчо Михајлов, уште живеат фашистичките апетити, кои сега банда на михајловисти кои се на власт, пробуваат да го возобноват на штета на македонскиот работнички народ.
Тие го втурнаа народот да робува на капиталот низ домашни и странски фирми, за сега и да му наметнат фашистички предзнак на одземањето на државата. Македонија е победник во втората светска војна. Победник над врховистите, михајловисти, италијанските фашисти, вермахтот и домашните колаборатори.
Македонија не била администрирана, туку окупирана и поробена под чизмата на бугарскиот фашистички окупатор. Како тогаш, така и сега, народот одбива да се потчини на фашистичката омраза, која усмртила многу македонски револуционери како и чесни луѓе.
Само затоа што се македонци, затоа што се анти-фашисти, и мечтаеле за братски свет и мир помеѓу народите.
Сега се случи вресок, именувањето на културен центар по Ванчо Михајлов е силен аларм со свој датум и место во Битола, со целосно јасен причинител, соучесници и намера.
Годините на поѓубрување на почвата за да израсне витален фашистички сноп, ни ги отапе сетилата, за сега да рехабилитираат злосторници. Да ја рехабилитираат мрачната идеологија на фашизмот, и најголемиот крвник на слободна Македонија, Ванчо Михајлов!
Што ќе промовира овој културен центар, и од кое идејно јадро ќе црпи вредносни црти? Доколку се работи за културен центар, тој би носел име на културен деец, затоа и на отварањето на „клубот“ не беа присутни културни дејци, туку политичари со јасна замисла за културниот центар – промоција на нео-врховистички, асимилаторски и фашистички вредности.
Затоа, кога, ако не сега? Кога помеѓу Скопје и Софија се преговара за македонскиот јазик!
Кога премериот на Република Македонија е апологет, кој под умислата за демократски права и слободи, дозволи во земјата, чиј е државник, да се поставуваат темели за нејзиното идно разнебитување.
Ова што се случи вчера, е симболична разврска за тоа што михајловистите од власта пробуваат да го наметнат. Разврска, и одговор на народот.
Македонското општество робува под крволочно, манијакално, изнудувачко, ајдучко и наменски злобно политичко и економско уредување кое сее сиромаштија!
Народот не може ова веќе да го поднесе. Крај за фашизмот и сиромаштијата, крај за достоинствен живот за политичарите и нивните бизнисмени, и преживување на народот. Системот ги разболува луѓето, ја уништува општествената матрица и ги разделува семејствата.
Ја уништива македонската државност постојано, и ќе продолжи да ја уништува додека целосно не ја уништи.
Но, бандата на Михајлов нема да помине, се додека постои македонската кауза и желбата за ослободување на оковите на македонски работник.
Да живее Македонија!
Да живее Народно-ослободителната борба!
Да живее Георги Димитров и секој следен непријател на михајловизмот, зошто тој е пријател на Македонија.
Смрт за фашизмот, слобода на народот!“
...
https://www.youtube.com/watch?v=rne8ZeDBOWI
Transaction
Created
1 year ago
Content Type
Language
video/mp4
mk