На последната седница на Советот на Општина Штип, на која како точка на дневен ред беше предлог - програмата за финансирање на изработка на Урбанистички планови на територија на Општина Штип за 2023 година, советникот Михајловски достави предлог за дополнување на програмата за изработка на ДУП за населбите Стар Караорман и Железничка.
Иако се третирани како населби, овие урбани средини не можат да ги имаат истите привилегии како останатите жители на Штип поради немањето на ДУП за нивните населени места.
Еден од проблемите е тоа што жителите на овие населби не се во можност да си го откупат дворното место пред куќите каде што живеат, токму поради немањето на ДУП;
Чувањето на добиток и движењето на истиот во урбана средина е исто така проблем на кој многу жители се обратија до Левица - Штип;
Неконтролирано градење е исто така горлив проблем кој придонесува за неправилен развој на населбите и нивно урбанистичко сквернавење.
Поради немањето на план за урбано градење, константно се поттикнува градењето на дивоградби кои од безбедносен и естетски аспект се штетни за граѓаните.
Иако предлогот на советникот од Левица беше издржан и основан, сепак мнозинството советници во советот на Општина Штип,
НЕ ДАДОА поддршка и предлогот не беше усвоен.
Левица и понатаму ќе продолжи да се залага за рамноправност на жителите од сите урбани заедници во Општина Штип, без разлика дали се наоѓаат во централното градско подрачје или на периферија на градот.
Сите граѓани кои плаќаат данок и комуналии кон Општината заслужуваат да ги уживаат сите привилегии на живеењето во 21 век.
...
https://www.youtube.com/watch?v=qEPq7y6JphU
„Овој закон е издејствуван под притисок на јавноста и конкретно под притисок на Левица, затоа што неколку дена пред овој закон да биде поднесен, Левица поднесе специјален закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување за Ковид 19 - пациенти.
Значи, сведоци сме дека на последното пратеничко прашање, кое што јас лично му го упатив на премиерот, а се однесуваше токму на ова, истиот тој ме убедуваше дека нема потреба од ваков закон, бидејќи услугите и таму и ваму биле исти, за само една недела после тоа рапидно да го смени ставот. Меѓутоа тоа не ве вади од одговорност дека цела година како власт ја преспавте, дозволивте буквално луѓето да се заборчуваат кај лихво-банкарите, да даваат станови, куќи под хипотека, да продаваат автомобили само за да можат да се лекуваат, и да, за разлика од некои колеги кои спомнаа тука, јас сметам и тврдам како левичар и социјалист, дека здравјето е и те како политичко прашање, и дека за здравјето и те како ќе треба да се интервенира, не само сега, туку и во иднина, за да немаме ваква социјална неправда на секој чекор.
Зошто законот е палијативен? Затоа што е презадоцнет и затоа што се занимава со последиците, а не со причините.
Како професор по право, ќе се задржам на три правни аспекти со цел да ви го раскринкам законов, а четвртиот е политички.
Реков дека здравјето и те како е политичко прашање, и овој закон е социјално неправичен, пар ексаланс, бидејќи со овој закон сиромашните понатаму ќе умираат, богатите понатаму ќе се лечат.
Имено, со овој закон само го максимирате профито
...
https://www.youtube.com/watch?v=9Lg-maJbfjk
?Пратеникот од Левица, Борислав Крмов:
?„Без поткрепа на ДВЕТЕ најголеми партии - бандотизмот на ДУИ би бил невозможен, најдобро го илустрира неговото министерско место за одбрана, сега пак, во владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега грбот е од СДСМ, а претходно грбот беше од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот избор за министер за одбрана е нешто што не смееше да се случи.
-Држава што малку се грижи за своите вооружени сили, за нејзините луѓе кои гинеле и крвареле на военото поле, такво нешто немаше да дозволи.”
#Левица #Македонија #БориславКрмов #Крмов #ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=wsHIjxlDIE8
(Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов до потпретседателот на Собрание, Горан Мисовски.)
„Потпретседателе на Собрание, Ви се обраќам вас. Неразбирливо е зошто намерно се крати времето на седниците за пратенички прашања. Тенденцијата е да се заштити премиерот и да не му се поставуваат незгодни прашања, затоа што очигледно, премиерот е малку “тенок на нерви”.
Со Вашето одолговлекување на седницата, најгрубо го КРШИТЕ правото на пратениците кои не се организирани во пратеничка група (тоа се пратениците на Левица) да поставуваат пратенички прашања. Ние веќе трет месец чекаме да поставиме пратеничко прашање!
Вие не сте потпретседател на Премиерот или на пратеничката група на СДСМ - Вие сте Потпретседател на сите нас тука и ве молам да внимавате како ја водите седницата за ние да ги оствариме нашите загарантирани деловнички права.”
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=Rh-0Kl7-X9Y
Обраќање на Андреа Јанков - Кандидат за градоначалник на Општина Центар.
„Просторот е ресурс, и кога еднаш ќе се пополни многу е тешко и скапо да се врати назад. Носењето на лоши ДУП-ови, нивно гласање од партиска машинерија отелотворена во советниците кои можеби и не знаат што точно гласаат, не доведе до овој момент, да во Центар имаме од една страна хиперурбанизирани населби, кои имаат проблеми со паркирање, градинки, училишта, светлина, како што е тоа Дебар Маало, Буњаковец, Железничка колонија и најново, градежна офанзива на Водно, а од дуга страна имаме населби како Маџар Маало и Ново Маало, Дуќанџик и Крњево кои останаа тотално заборавени од општината.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=Ev3MuOemgh0
Претседателот на Левица и пратеникот, Димитар Апасиев, во отворен разговор со доктор Горан Трајковски(@doktor.goran) во живо, на неговиот Инстаграм профил
...
https://www.youtube.com/watch?v=Pz3-fFXIwMI
Репортажа на координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева за непотизам во спортот во Македонија преку примерот на двете млади спортистики во уметничко лизгање, сестрите Прилепчански.
(05.05.2022г.)
...
https://www.youtube.com/watch?v=uxU-lKjbiWQ
Прес конференција на пратеникот, Борислав Крмов, по повод предлог законот за изменуваење и дополнување на Законот за лични карти, поднесен од пратеничката група на БЕСА, а со кој би се овозможило во личните карти да стои графа за етничка припадност.
Левица е против етничка поделба во било кое поле на општеството, па поради тоа, остро се спротиставува на овој предлог закон, за што и денес поднесе повеќе од 1200 амандмани, со што го прекина разгледувањето на оваа точка, којашто беше на Деневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=9gq8Z0OBHMk
(процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов)
„Јас побарав процедурално, а Вие ми го ускративте тоа деловничко право. Да, Вие давате збор, но Вие давате збор според оваа книга (Деловникот), а не давате збор кога Ви се сака. Не зависи Собранието од Вашата волја, т.е. не треба да зависи, а зависи! Што е ова, монархија?
Не може моето право што го гласале осум илјади луѓе да зависи од Ваша волја. Ќе станете Вие сабајле и ќе одлулчите дека денеска нема да има процедурално. Дека денеска ќе има Процедурално само за координатори, заменици-координатори. Утре ќе биде само за координатори, замениците мора да излезат од сала. Димитар мора да излезе од сала за да добие нешто што му следува!?
Забелешка за неправилна примена на Деловникот има предност - пишува „веднаш“! Системот ме исфрли веднаш со „зелено“, а Вие ме терате за процедурално, обезбедување да интервенира. Треба да се тепам тука за моето право кое ми го дава народот, не ми го давате Вие. Вие раководите по оваа книга (Деловникот), а не како што Вие сакате. Посебно не денес, со овој шверцерат кој ни се случува!
Јас сум Пратеник и имам имунитет и тука и надвор. Кога вас колеги од СДС ве влечеа за коси и ве шутираа, не ви се допадна, а сега вие употребувате обезбедување против нас“
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=Yzhp_JK3EGg