Денес на прес конференција Левица официјално го поддржа независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски - Камиказа.
Време е овој град да си ги врати вредностите кои ги поседуваше!
...
https://www.youtube.com/watch?v=QEg070lRAl8
? Насилна легализација на хациенди се спроведува во Битола од страна на СДС-ДПМНЕ.
‼️ Во овој мандат на советниците од ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА ДПМНЕ-СДС, легализираа рекорден број на бесправно изградени објекти. Поголем дел од предметите се на лица блиски и до двете партии и нивни партиски членови.
? Левица не го поддржува овој процес и во знак на протест ја напушта сала кога се гласаат легализации!
?"Кога станува збор за нелегитимни процеси во општината, ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА функционира беспрекорно!" - Гаврил Трајковски, советник од Левица во Битола.
...
https://www.youtube.com/watch?v=ieom17X5_64
Прес-соопшение на раководителката на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Левица, Весна Кираџиева.
„Земјоделките во Р. Македонија се дискриминирани во однос на останатите работнички за правото на платено породилно отсуство. Оваа нееднаква социјална политика сериозно се одразува врз репродуктивното, психолошко и физичко здравје, а за жал и врз здравјето на новороденчињата и децата.
Оваа нееднаквост кај земјоделките ги принудува да работат за гол опстанок и доведува до значителни здравствени ризици.
Правото на надоместок на плата за време породилно отсуство, по својот социјален карактер значи планирање на семејство и е обврска на државата и треба да е на товар на Републичкиот буџет.
Со предложеното законско решение кое го поднесоа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, ќе се заштити мајчинството како основно право на жените загарантирано со Уставот и со меѓународните акти. Жените-земјоделки ќе добиваат паричен надоместок за време на породилно отсуство кое НЕ МОЖЕ да биде пониско од МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. Очекуваме и ги повикуваме СИТЕ пратеници и пратенички во собранието да го изгласаат овој наш Предлог-закон во интерес на земјоделките, како една од најранливите категории.
И додека владејачката ДУИ со СДС купуваат гласови со привидни мерки и МИЗЕРНИ 9.000 денари месечно кои ги нудат за мајчинство на земјоделките, ЛЕВИЦА нуди трајно ЗАКОНСКО решение со кое жените-земјоделки ќе имаат ГАРАНТИРАНА финансиска сигурност за време на породилното отсуство!
АФЖ на Левица ќе продолжи да ги артикулира и да ги брани интересите на сите жени во Македонија подеднакво.“
* Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Левица е ставен на дневен ред за седницата закажана за в среда, 10. мај 2023г.
...
https://www.youtube.com/watch?v=sy58r3TgO8s
МВР НЕ ГИ САНКЦИОНИРА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА КОИ УСТАВЕН СУД ПРЕСУДИ ДЕКА НЕПРОПИСНО ЛИШИЛЕ ОД СЛОБОДА АКТИВИСТИ НА ЛЕВИЦА
(? Контра - реплика на пратеникот од Левица Димитар АПАСИЕВ кон министерот Оливер Спасовски. Во својот одговор, пратеникот Апасиев се осврна на случајот од 2017 година, кога активисти од Левица противуставно беа лишени од слобода поради анти-НАТО транспарент.)
„? Ви го споменав единствениот случај кој МВР го изгуби пред Уставниот суд. Уставниот суд, прв пат во историјата, ви кажува дека ваши полициски или параполициски структури непрописно апсат и се изживуваат врз анти-милитаристички демонстранти и МВР НЕ ГИ КАЗНУВА.
❗️Ако Внатрешната контрола била независна, за овие седум униформирани полициски службеници кои Уставниот суд ги легитимира, ќе имало санкции.
Тоа покажува дека Вие раководите со ПАРТИСКА, а не со државна полиција."
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=vw49A2QRLEQ
?Кратко обраќање на претседателот на #Левица - Димитар Апасиев на денешната седница за избор на новиот спикер Јован Митрески.
...
https://www.youtube.com/watch?v=IJXrCHs7pxM
Прес конференција на Жаклина Свеќаровска, Координатор на Левица - Сектор образование
На прашањето „Кој е ставот на Левица во однос на одобрувањето на Владата за отворање на бугарски универзитет во Македонија“, Свеќаровска рече: „Ставот ќе го срочам во едно прашање, кое ќе го упатам до Владата, односно, возвратно реципрочно - Кој наш универзитет добил дозвола да работи на територија на Бугарија!?“
...
https://www.youtube.com/watch?v=u8kk4tqqQa4
„Навистина е штета што ние имаме таква сервилна политика кон западната пропаганда. Ние забораваме на нашиот интерес, забораваме што нас како држава ни одговара и тука е таа западна културна хегемонија која што го прави политичкиот естаблишмент воопшто некритичен кон работите што доаѓаат од Западот. Доаѓаме во ситуација некој да ни наметнува, дури и изрично ни кажува дека имаме забрана за било каква соработка или алтернатива." - Реџеп Исмаил (Хактан) - член на нашиот Президиум.
...
https://www.youtube.com/watch?v=u-GJkPeI5wk