Дел од вчерашната атмосфера за време на отворањето на новата канцеларија на Левица - Центар. #ЛевицаВоЦентар #ЦрвенЦентар #ОпштинитеЗаНародот #ЗаокружиБрој15 ... https://www.youtube.com/watch?v=HbSyQnsJ2Mw
Проследете го гостувањето на генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска во ,,Тешки муабети" на Инфомакс
...
https://www.youtube.com/watch?v=ZScn6XYYbi8
„Очи“ (Ацо Шопов)
?️Поетско читање во изведба на Андреј Ал-Aсади со придружба на кавал, Алекс Петковски на Вториот #Пленум на #Левица
...
https://www.youtube.com/watch?v=eTvTuonSw90
„Резултатот е катастрофален во сите овие подрачја, не можам да не кажам дека дел од тие реформи беа поддржувани од нашите странски “сојузници“. Треба да седнеме и да видиме дали некои од овие мерки имаа и контраефекти. Да ја тргнеме приказната ЕУ не надгледува, како Господ да не гледа, па ние пазиме што правиме. Ако од правните факултети извадите морални `инвалиди` кои ја гледаат струката само за да се снајдат во животот, тогаш ние имаме сериозен проблем“ – вели претседателската кандидатка Билјана Ванковска во најновото издание на Трилинг.
На прашање „Како до уставни промени и внесување на Бугарите во преамбулата, ако е невозможна промена на преговарачката рамка“ таа вели „Доколку ЕУ опстојува на ова, ние имаме вродено право да си носиме сопствен Устав. Јас во мојата програма предвидувам не корекции во преамбули, туку сосема нов граѓански демократски Устав, заснован на идејата на социјална правда.
Во врска со меѓуетничките односи во државата, таа смета дека „Етнотрибализам како што го нарекувам е нешто што е рак рана на ова општество. Имаме паралелни општества, елитите на власт најдобро си комуницираат, нив не им пречат разликите, нам ни треба будење на народот кој нема да дозволи манипулација. Постои намера зборот национализам да се етикетира како нешто штетно. За жал во ваков свет мислам дека македонскиот национализам е во дефанзива, стануваме граѓани од втор ред во сопствената држава, затоа што некој ни набива комплекс дека сме премногу националисти. Македонија е се што немаме“.
За тоа кои ќе бидат приоритетите на идниот претседател на државата, вели „Раскинување на Договорот за т.н. добрососедство со Бугарија, без кавги, никогаш македонскиот и бугарскиот народ не биле подалеку. Мојата девиза е `Во борба македонски народе!`, затоа што се изгубивме“.
...
https://www.youtube.com/watch?v=w0gZS1XUmms
Дел од гостувањето на претседателот на #Левица - проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.
Оваа власт се шалабајзери, немаат ниту правно, ниту политичко знаење. Немаат политичка мудрост да видат два чекори унапред што ни се спрема.
Егзархиска-НЕОВРХОВИСТИЧКА политика со државни пари, тоа се Бугарите во Уставот! И тоа треба на ВМРО-ДПМНЕ да им е јасно, без оглед дали ќе биде хрватски или некој друг модел."
#СофискаПлатформа
#НеЗаУставниИзмени
...
https://www.youtube.com/watch?v=yYPNdKkr4eY
„Овој закон е издејствуван под притисок на јавноста и конкретно под притисок на Левица, затоа што неколку дена пред овој закон да биде поднесен, Левица поднесе специјален закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување за Ковид 19 - пациенти.
Значи, сведоци сме дека на последното пратеничко прашање, кое што јас лично му го упатив на премиерот, а се однесуваше токму на ова, истиот тој ме убедуваше дека нема потреба од ваков закон, бидејќи услугите и таму и ваму биле исти, за само една недела после тоа рапидно да го смени ставот. Меѓутоа тоа не ве вади од одговорност дека цела година како власт ја преспавте, дозволивте буквално луѓето да се заборчуваат кај лихво-банкарите, да даваат станови, куќи под хипотека, да продаваат автомобили само за да можат да се лекуваат, и да, за разлика од некои колеги кои спомнаа тука, јас сметам и тврдам како левичар и социјалист, дека здравјето е и те како политичко прашање, и дека за здравјето и те како ќе треба да се интервенира, не само сега, туку и во иднина, за да немаме ваква социјална неправда на секој чекор.
Зошто законот е палијативен? Затоа што е презадоцнет и затоа што се занимава со последиците, а не со причините.
Како професор по право, ќе се задржам на три правни аспекти со цел да ви го раскринкам законов, а четвртиот е политички.
Реков дека здравјето и те како е политичко прашање, и овој закон е социјално неправичен, пар ексаланс, бидејќи со овој закон сиромашните понатаму ќе умираат, богатите понатаму ќе се лечат.
Имено, со овој закон само го максимирате профито
...
https://www.youtube.com/watch?v=9Lg-maJbfjk
Денешното обраќање на народниот пратеник и претседател на Левица - Димитар Апасиев околу предлог-Владата на СДСМ-ДУИ:
„Се чудам зошто нема [во новата влада] Турци, зошто нема Роми - како најмаргинализираното малцинство, зошто нема Срби или Власи?“
„Рекорден број на вицепремиери.“
„Одите спротивно на одредбите на Уставот само за [поголем] коефициент за плата. Еве ние како Левица стоиме на располагање и покрај тоа што сме банкротирана партија со Еуростандард банката, од новата тура [државно финансирање], ние да го покриваме тој коефициент на овие 4-ца, само да не се брукате да измислувате функции како ‘потпретседател на Влада’.“
„Да се изразам во ленинистички манир: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!“
„Има 4 одлики по кои ќе препознаете хибриден режим. Првата е доминација на приватните и бизнис интереси над јавниот интерес... Втората е арбитрарност и страховлада... Третата е напната и нездрава завереничка атмосфера... И четвртата и последна одлика на овој хибриден режим е некадардна администрација составена од потемкиновци, значи чиновници подлизурковци, клиентелисти.“
„Ние сме класно најраслоена држава од Ирска па до Казахстан!“
„За прв пат има толку паднати ангели на Сорос како министри. Тука ќе ги вброиме Бојан Маричиќ на водечкото место, Мила Царовска од сороспиското крило и Артан Груби како хушкач на меѓуетнички тензии кој сега ќе треба да помирува и најверојатно преку ќотек ќе оди помирувањето. Пола од невладиниот сектор станаа цицачи на Новиот режим и станаа фејсбук-милиционери како ваза�
...
https://www.youtube.com/watch?v=_uP8pU-9bgw
НЕ ОТВОРАМ ВРАТА - теренска кампања на Левица во Скопје против фингираниот попис, кој се темели на насилно истуркан Закон и крши многу од принципите препорачани од ООН и ЕУРОСТАТ, а власта сака да го спроведе во сред ПАНДЕМИЈА!
#НеОтворамВрата
...
https://www.youtube.com/watch?v=BUoUALkMqEA
„Општина Аеродром по број на гласови е прва општина за Левица. Била прва општина за Левица уште 2016 година на изборите. Жителите на Аеродром најмногу одговараат на повиците на Левица. Тука имаме и најголем огранок, по број на членови и најмногу гласови историски.
Во однос на СДСМ кои имаат осум советници со коалицијата, а ние со пет советници сме во ситуација да им дишеме во врат. Разликата е минимална - околу три илјади гласови. Тука започнува оној процес кој го спомена Димитар, на таа фамозна пасокизација. Во пет - шест ИЕ ги имаме и победено, на едно место убедливо и тие се исплашени.“
- Пратеникот Борислав Крмов на средба со членството на ЛО Аеродром
...
https://www.youtube.com/watch?v=Q7riw-3iwG4
?(*Контра-реплика на пратеникот Борислав КРМОВ кон заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Манолева на седницата за пратенички прашања манипулираше дека нема проблеми со набавката на лекови за лицата со дијабетес.)
❌„Лековите ги немаше ДЕВЕТ МЕСЕЦИ, единаесет месеци! Кое е тоа оправдување дека ги има?! Ги има неколку дена и потоа пак снемува. И инсулин нема повремено, а тој е ГАРАНТИРАН со закон. Не верувам дека овие луѓе лажат – повремено немаат инсулин, повремено нема ништо.
⚠Велите имало инсулински пумпи? Можеби имало, ама на приватно. Ние зборуваме да станат ЗАКОНСКА КАТЕГОРИЈА, како што предложивме ние – вие да сте обврзани да им ги набавувате, значи да бидат ставени на позитивна листа во Фондот, а не пациентите да ги плаќаат приватно прескапо.
⁉️Јас Ве ПРАШУВАМ дали Вие сте спремни за модернизација, да го поддржите законот кој го предлага Левица, за третманот на дијабетесот да стане законска категорија и да биде обврзувачки за Владата?"
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=YjqXGIOXumg