ПОТРЕБНИ СЕ ДОЛГОРОЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ЈП НА ГРАД СКОПЈЕ
?Обраќање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА советник на Левица во град Скопје
?ЈСП исто како и другите јавни и државни претпријатија на политичките партии кои периодично се менуваа на власт изминативе триесет години, им служат како параван за партиски вработувања, а работниците ги гледаат како гласачки машини.
‼ Работниците не се машини, работниците се живи луѓе, со потреби, со деца, со фамилии и потребни се долгорочни системски решенија за решавање на проблемот како со ЈСП, така и со другите јавни претпријатија.
‼ Приоритет на стручноста и компететноста, пред политичката подобност при вработувањата во јавните претпријатија.
‼ Владата и општините да им ги исплатат долговите и на ЈСП и на останатите јавни претпријатија, за да не им се случи и нив да не можат да исплатат плати на работниците.
‼ Работниците немаат заштеди во домашни или швајцарски банки, туку живеат од плата од која едвај врзуваат еден месец, а камо ли да доцни.
✅Ние советниците од Левица ќе ја подржиме оваа одлука, но бараме да се изнајде долгорочно системско решение за состојбите во јавните претпријатија на град Скопје.
...
https://www.youtube.com/watch?v=R_1jESrktYA
Првото прашање е до премиерот Заев: „дали е вистина, или шпекулација, дека од периодот после изборите до конституирањето на македонскиот Парламент - август, сте направиле обид да купите пратеници, пратени преку ваши струмички пајташи, за цена во кеш пари, во вреќи, која се движела од околу 300.000 евра!? Ова се однесува на, двајца пратеници од власта, кои не се во СДСМ и тројца пратеници од опозицијата, кои не се ДПМНЕ!
...
https://www.youtube.com/watch?v=ArOcfxPfdXM
На петтата и шестата редовна Седница на Советот на Општина Свети Николе беа изгласани програмите за работа на Локалната самоуправа за 2022 година.
Советникот од редовите на Левица, Александар Симонов по однос на истите побара збор и укажа на бројните слабости кои се наоѓаат во истите. Клучните забелешки беа насочени на:
1. Веќе десетина години шаблонски се повторуваат исти програми кои во најголем дел не ги застапуваат реалните потреби на граѓаните.
2. И покрај промената на партијата на власт, над 80% од програмите се идентични со оние од претходната година, без постоење на посериозни измени.
3. Вклученоста на јавноста, граѓаните и месните заедници при креирањето на програмите е на загрижувачки ниско ниво.
4. Програмите се преплавени со општи фрази и фоскули во целосно отсуство на диспозитивни одредби кои никого не задолжуваат со ништо.
5. Теоретскиот дел од програмата воопшто не е усогласен со практичниот дел (проектите) кој треба да биде спроведен во програмата.
6. Програмите не содржат индикатори според кои може да се оцени дали одредена програма е реализирана успешно или неуспешно.
7. Отсуство на одредби за одговорност од членовите на комисиите, претседателите или градоначалникот во случај на неспроведување на програма.
...
https://www.youtube.com/watch?v=XFlOLwsru0A
ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА "ГАМА" Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВО ОД АСНОМ ДО ДЕНЕС
Не само во Македонија, ова е преседан и во светски рамки, бидејќи не постои случај – со закон да се решава судски спор. Судски спор се решава со пресуда, со судска, или вонсудска спогодба. Спротивно на членот 98 од Уставот, односно на Амандманот XXV, кој вели дека: "судската власт ја вршат СУДОВИТЕ" и се додава – „забранети се вонредни судови“! Ова е случај на вонредно судство! Ова е случај на пресудување, на преки суд, за спорови кои се водат 15 години. Се правиме попаметни од судиите кои воделе спорови помеѓу Република Македонија и "Макпетрол" 15 години и не успеале да ги решат. Државата во овој случај постапува од позиција на fiscus, односно на приватно право.
Не можеме ние со закон да решаваме СУДСКИ СПОР, затоа што Владата и според постоечките закони има право да потпише спогодба. Нека повели премиерот, нека ја потпише Спогодбата, меѓутоа знае дека е тежок криминал, знае дека ќе оди во затвор после потпишувањето и после падот на власта и затоа потпикнува со закон да му решаваме судски спорови!
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=9IcW5Bb79wk
АКТИВНИТЕ ТУЖБИ ПРОТИВ ОПШТИНА ПРИЛЕП ПРИЧИНА ЗА НЕКОНТРОЛИРАНО ИСМУМПУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА
? По наше барање, добивме писмен одговор на тоа колку вкупно активни тужби се водат против Општина Прилеп.
❗Моменталниот број на активни тужби против Општина Прилеп е 112. Што значи дека Општината губи народни средства на адвокатски трошоци, судски спорови, извршни решенија и извршители.
❗Не ја исклучуваме и можноста дека можеби станува збор за организирана мрежа каде што Општината намерно е оштетувана со ненавремено плаќање фактури, каде истите подоцна преку судско решение или извршител се наплаќани па и десеткратно.
? ЛО Левица Прилеп овој случај дополнително ќе го истражи, но го повикуваме и портпаролот на Општина Прилеп, Влатко Петкоски да им објасни на граѓаните, јавно, како е дојдено до енормна бројка на активни тужби и колку точно е оштетена општината од истото.
#ЛевицаОдСоветите
...
https://www.youtube.com/watch?v=vBbPZGiWozc