Светски ден на Социјална Правда [Левица ЛО - Битола]
Еднаквост за сите да бидеме солидарни и рамноправни. Отстранете ги бариерите со кои секојдневно се соочуваме како поради: пол, раса, воздраст, боја етничка припадност, култура, попреченост, религија - да се насочиме кон развој на социјалната правда. ... https://www.youtube.com/watch?v=3KiiGrdAKQ4
Левица не е против давање на државјанства на лица, кои над дваесет години веќе живеат во Република Македонија, но е ПРОТИВ ваков закон, кој не бара никакви услови и материјални докази, односно условно речено - со тројца другари од војска секој ќе може да добие државјанство!
...
https://www.youtube.com/watch?v=qXq0Pme1IeM
Прес-конференција на Дарја Мустафаоглу, советничка од #Левица во Советот на Ѓорче Петров за ДУПот градска четврт СЗ 16 кој се наоѓа на границата помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Карпош:
„Ве известуваме за чекорите коишто ги презема и ќе продолжи да ги презема Левица, во однос на овој катаклизмички, урбанистички, односно бетонирани токсичен план, кој е исклучуво во интерес на политичките елити од ДПМНЕ и СДС, како и во интерес на апетитите на инвеститорите.
Токму за ова место во саботата градоначалникот Стојкоски, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а помогнати од министерствата со кои раководи СДСМ, шверцерски протнаа ДУП, кој предвидува над триесет нови згради на овој потег, од кои повеќето се висококатници.
Токму на плацот позади нас, ДПМНЕ на Имер Селмани му се одобри подигнување на дваесет и седумнаесет катници. Од ова место само од изградбата на предвидените станбени единици ќе се оствари профит од фантастични 240 милиони евра. Но, во предвидените над триесет станбени згради, односно 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници, на Општина Ѓорче Петров ќе и донесат 10 000 нови жители и 2675 возила. Иако се планирани нова градинка и ново училиште, тие ќе бидат недоволни да им понудат услуга, како на моменталната бројка на дечиња кои чекаат во општина Ѓорче Петров, така и на децата на семејствата кои ќе бидат вселени во новите бетонски чудовишта.
Дополнително, градинката и училиштето, согласно новодонесениот ДУП, би биле во близина на хемиски фабрики во кои, според нашите информации, би се произведувала козметика, средства за хигиена, средства за чистење, солна киселина, варикина и антибиотици. Овие фабрики се предвидени врз главниот цевковод и постои опасност од хаварија, односно опасност цело Скопје да остане без вода.
Левица подготви претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП поради повреда на законитоста и постапката за придонесувањето на истата. Од овој наш став нема да не оттргнат никакви закани и притисоци. Биле тоа од политичките елити и профитери, биле тоа од засегнатите инвеститори."
...
https://www.youtube.com/watch?v=rBDCArK41L8
* Од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов во вечерашните вести на ТВ Сител
„Член 13 од Договорот за добрососедство дозволува со писмен допис, било која од двете страни, и Република Македонија, и Република Бугарија, да го укинат договорот.
Владата е еден вид трети чекор од суверенот, од народот, бидејќи народот на непосредни избори го бира Собранието, кое после непосредно ја бира Владата.
Како е можно Владата со еден обичен писмен допис да УКИНЕ договор, а да не може народот, од кој што всушност нели и Владата, и Собранието црпат легитимитет?"
...
https://www.youtube.com/watch?v=VHbzU0fITXM
Главните секвенци од жестоката дебата на ТВ Нова, на тема „Политички систем“, во која учествуваше Димитар Апасиев.
...
https://www.youtube.com/watch?v=GSeeTL-j4qs
Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, во врска со Предлог-резолуцијата на ДПМНЕ за „црвените линии“ на македонските државни позиции:
„Ќе почнам во еден гандиевски дух, односно на вистината не ѝ е потребна јавната поддршка од корумпираните пратеници за да биде вистина, така што овие документи кои ние ги носиме се само симболични. Вистината е дека Македонци има, Македонци имало и Македонци ќе има, без оглед дали брливите политичари преговараат за тоа како ќе им се вика јазикот и како ќе им се вика државата.
Резолуцијата, барем за наш вкус e доста бенигна и пишувана, разбирливо, со дипломатски манири. Она што ми фали во оваа Резолуција е:
- Јасно отфрлање на објаснувачкиот Меморандум на Бугарската академија и бугарските пратеници;
Осуда на неоврховистичките позиции на бугарската влада;
Конечно отворање за македонското малцинство во Пиринска Македонија;
- Ставање на дневен ред на Македонската платформа како пандан на Тиранската платформа;
И оваа Резолуција би требало да се достави и до Европската Унија и нашите меѓународни партнери, а не само да се објави во Службен весник.
Меѓутоа, и оваа варијанта е прифатлива за нас и ние ќе ја гласаме, со надеж дека нашата дипломатија во иднина ќе биде поофанзивна, а не само дефанзивна во овие билатерални спорови."
...
https://www.youtube.com/watch?v=gjqYcYLICFI
„Минатата недела Советот на Општина Битола ја изгласа завршната сметка со помош на ДОМ, ДУИ, ДПМНЕ и нивниот привезок ПОИНАКУ. Дали и официјално ДПМНЕ ја потврди коалицијата со ДУИ и ДОМ на следните парламентарни избори потпомогнати од Поинаку на локално ниво?
За лицемерието да е поголемо, Поинаку како круцијален фактор за опстанок на Советот на Општина Битола сподели соопштение како се оградува од работата на локалната самоуправа и за виновници ги посочи актуелната и претходната власт. Како што велат им дале 12 месеци временски период да се започни со работа, за по 16 месеци наместо да ја казнат локалната самоуправа за тоа што не работела и да го променат тоа, токму тие на претходната седница гласаа „ЗА“ наместо да гласаат „ПРОТИВ“, со тоа на битолчани ќе им дадеа шанса да го изберат најдоброто за Битола.
Да не заборавиме дека главна заложба им беше стационарот за бездомни кучиња кој не успеаа ни да го започнат со градба во 16 месеци уживање на власт.
Само за привремени вработувања Локалната Самоуправа потрошила нешто повеќе од 7 350 000 денари, односно ДПМНЕ и Поинаку имаат вработено преку 30 нови партиски војници, највеќе како комунални редари од кои не видовме ама буквално никаков ефект. Позицијата комунален редар беше измислена позиција за да се задоволат потребите на ПОИНАКУ и ДПМНЕ за вработување на партиската клиентела која не вроди со плод.
Трансферирале близу 74 000 000 денари до невладини организации. Најчести организации кои добиле средства од Локалната Самоуправа, се организации блиски до власта како и клубови на вработени во Општина Битола како кадар на ДПМНЕ.
Ваквите трансфери се одобрени од Претседателката на Совет и за истите мудро молчи.
Во овој трансфер се наоѓа и криминалниот трансфер до ПСК Пелистер, кој беше декриминализиран со носење на Одлука на Советот на Општина Битола поддржан од Поинаку а за возврат Градоначалникот Коњановски спасен од кривичен прогон. Во одлуката беше злоупотребен „Копанки“ и парите завршија на сметка на здружението без претходен јавен повик за доделување на истите.
Уште во првата година од владеењето на ДПМНЕ и Поинаку започна сагата со субвенционирање на јавни претпријатија како резултат од лошото раководење на претпријатијата од страна на директорите на истите. Сведоци сме дека со последниот буџет планираат да доделат нешто близу 4 700 000 денари што е повеќе од 3 пати од реализираните 1 500 000 за 2022 година. Што значи дека за една година успеале да ги доведат јавните претпријатија во три пати полоша финансиска состојба.
Да не заборавиме, нешто близу 30 000 евра потрошени за ресторански и хотелиерски услуги пари на граѓаните. Додека ЛЕВИЦА имаше предложено субвенционирани градинки за секое дете и истото беше одбиено ДПМНЕ за да се луксузираат на сметка на граѓаните. Немаа слух за лицата со интелектуална попреченост и не успеаа да обезбедат 200м2 за Дневен центар, каде на тие лица ќе им се олесни начинот на живот и ќе се приспособат за нормално функционирање во секојдневието.
ДОМ и ДУИ го пуштија низ вода нивниот коалиционен партнер СДСМ и гласаа за завршната сметка на ДПМНЕ и нивниот привезок Поинаку. СДСМ останаа воздржани за ваквото насилно трошење на буџетот и потајно го поддржаа работењето на Локалната Самоуправа. Единствени кои рекоа НЕ и гласаа ПРОТИВ ваквата злоупотреба на буџетот беше ЛЕВИЦА! “
#ЛевицаОдСовет
...
https://www.youtube.com/watch?v=dQfcjLnIUxw
„Јас колега Пренџов обично ги избегнувам вака личните реплики и таквите работи и се обидувам да се држам до темата, но, овој пат ќе морам да ви вратам. Вие рековте дека само двајца луѓе знаеле од нашата партија, ќе ви кажам дека од вашата партија знаат само еден, тоа е вашиот лидер Стевчо Јакимовски. Како да ви кажам, го знаат по тоа што: Човекот буквално треба сликата во речникот да му стои залепена до зборот корупција, за луѓето да имаат појасна претстава за тој збор, вака, пошто го опишува визуелно.
Да се држиме малку супстенцијално. Значи, исто како што кажа колеагата Апасиев, вие излеговте како типичен апологет на олигархијата. Значи, само додека беше корона кризата, мала илустрација, што правеше приватниот капитал, пошто вие го браневте и нејќевте денар да им чепнете, а што им се случуваше на обичните луѓе. Само лабораториите имаат десет милиони плус профит, а скоро излезе и една репортажа за Аџи Бадем Систина и Жан Митрев кои што ги зголемиле дупло профитите. Внимавајте, во криза, во криза, кога сите луѓе, значи земаат кредити, обичните луѓе зборам, земаат кредити да се лечат.
И за најилустративно да ја претставам ситуацијата што се случуваше додека траеше Корона кризата, имаме еден случај, кој небаре беше предочен до Левица па јас тука на кратко имам една минута ќе го илустрирам.
Значи, човекот се разболува од корона, тежок случај, и седи три дена во државна болница. Затоа што има проблеми со срцето, има стентови и операција на срце, му се влошува ситуацијата и му викаат мораш да идеш во приватна болница. Му ја пре
...
https://www.youtube.com/watch?v=gsrKrHB3RB4
,,Ние сметаме дека треба да престане експлоатацијата на сезонските работници и инсистираме сезонските работници да бидат вработени во согласност со Законот за работни односи. Вака ќе можат да имаат здраствено и пензиско осигурување, кое сега го немаат.
Ако ова моментално не може да се покрие со буџетот, сметаме дека може да се санира со ребалансот на буџетот и таков ребаланс би прифатиле."
- Говор на Амар Мециновиќ, советник во град Скопје.
...
https://www.youtube.com/watch?v=TG5fET9YT74
Дел од гостувањето на претседателот на #Левица - проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.
Оваа власт се шалабајзери, немаат ниту правно, ниту политичко знаење. Немаат политичка мудрост да видат два чекори унапред што ни се спрема.
Егзархиска-НЕОВРХОВИСТИЧКА политика со државни пари, тоа се Бугарите во Уставот! И тоа треба на ВМРО-ДПМНЕ да им е јасно, без оглед дали ќе биде хрватски или некој друг модел."
#СофискаПлатформа
#НеЗаУставниИзмени
...
https://www.youtube.com/watch?v=yYPNdKkr4eY