Драги сограѓани ,денес беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Богданци .
Се надевам на успешна и конструктивна соработка од сите политички партии со цел ОПШТИНАТА ДА РАБОТИ ЗА НАРОДОТ и да биде сервис за нивните потреби.
Левица како претставник во новоименуваниот состав на советот ја претставува Михаил Тодоров.
Преку предлог на советникот Тодоров како претседател на кандидационата комисија , беше избран Борис Ванчев од независната листа -Гласот на младите со едногласна одлука за претседател на советот.
Левица секогаш ќе ги подржува младите и ќе стои рамо до рамо со нив .
Министерството за локална самоуправа се заканува со некој указ до општините ,доколку советникот ја пречкрта изјавата, ќе нема право на глас во советот, но ќе има право да присуствува .
Моменталната власт која ја предводи СДСМ од нашата земја со сите алатки на располагање и репресивни мерки ја брани дивоградбата СЕВЕРНА.
Нема да им помине .
Општина Богданци ќе оди напред и ќе биде убаво,чисто и просперитетно место за живеење.
Левица за Богданци !
Општините за народот!
...
https://www.youtube.com/watch?v=PUDyRXJMi9k