ПРЕМИЕРА: Официјален предизборен спот на ЛЕВИЦА за предвремените парламентарни избори 2020
Целосната верзија на официјалниот предизборен спот на политичката партија Левица за предвремените парламентарни избори 2020 година. ... https://www.youtube.com/watch?v=XRKTVjKo1HE
Реџеп Исмаил - Хактан: „Новите генерации веќе гледаат, различно е од деведесеттите па наваму... новите генерации гладаат дека надвор не можат да бидат слободни како дома што се. Никој не сака да оди надвор. Тие сакаат да останат тука, тука да им биде убаво, не сакаат да одат во туѓина. Одат од што не е во ред, одат од тешкотии. За тоа земале бугарски пасош, а ние не ги стигматизираме и тоа десет пати го имаме повторено од партија. Тоа знаеме дека го прават од економски причини.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=RSYTJIAa6RA
Поради тоа што советникот од редовите на Левица беше информиран од службите дека поединечна опрема за пожарникарите треба да биде набавена до април 2022, првичниот амандман кој се однесува на опрема и возило беше повлечен и беше поднесен нов амандман кој се однесува само на набавка на мало и помобилно возило. Едно такво возило со кое единицата интервенирала успешно во 80% од пожарите е предадено на користење во Валандово, а ново такво единицата ќе добие при крај на 2022 што значи дека летниот период кога имаме пожари единицата пак ќе биде без такво возило. За да не биде единицата без такво возило беше поднесен нов амандман.
Во прилог говорот со кој советникот го објаснува амандманот:
“Поради тоа што ситуацијата со опремата на противпожарната единица во Гевгелија е очајна, ние ги гледаме пожарникарите облечени кога интервенираат но всуштина се голи со потенцијални ракети на грбот, затоа што несервисирани кислородни боци од триста бара кога затуајуваат се однесуваат како ракети, ја поздравувам одлуката да се обезбеди поединечна опрема, но ситуацијата со возилата е очајна.
Од три возила всуштност имаат едно. Единицата имала едно мало мобилно противпожарно возило. Тоа е Фолкцваген Амарок произведено 2016 година и единицата со тоа возило интервенирала успешно во осудесет отсто од пожарите. Арно ама пред да фатат огнените стихии лани летото, тоа возило било предадено на Општина Валандово и сега на единицата и е неопходно такво возило. Нема лошо ништо во тоа што возилото е предадено во Валандово со оглед на тоа што е�
...
https://www.youtube.com/watch?v=0niQbu_uvZ4
?Македонскиот народ денес треба да биде горд што ги одбрани АСНОМ-ските темели на Репубиката, откако вчера одекна веста дека ЗГАСНА клубот именуван по фашистичкиот крвник Ванчо Михајлов!
Македонски народе, кој го крена гласот и се побуни против глорификацијата на фашистичките крвници, кој се мобилизираше и протестираше против газењето на антифашистичките вредности, денес достоинствено покажа дека искрата на антифашизмот на нашите предци уште тлее во сите нас и дека АСНОМ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ!
?#Левица, како партија во чиј статут е зачувување на АСНОМ-ските вредности, беше единствена партија која организираше ДВА ПРОТЕСТИ во Битола против фашистичкото дувло и која во континуитет алармираше до јавноста за опасноста од ваквите форми на глорификација.
По иницијатива на Левица, Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб Ванчо Михајлов, а битолското Јавно обвинителство оформи предмет по поднесената кривична пријава на Левица.
?Му благодариме на македонскиот народ кој масовно ни се придружи на протестите и повторно докажа дека воден од исконската мудрост, секогаш бил и ќе биде на правилната страна на ИСТОРИЈАТА.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Ќе победиме!
#АСНОМживеее
#СФСН
...
https://www.youtube.com/watch?v=E2jf8VLOff8
Иако советот на Општина Центар, на четвртата седница со 21 глас ЗА, изгласа да се стават двете точки на дневен ред за парцелите спроти „Холидеј Ин“, предложени од советничката група на ЛЕВИЦА и истите се одложија, сепак на продолжението не се гласаше по овие точки.
Имено, Левица со првата предложена точка бара РЕФЕРЕНДУМ за суспензија на градбите на овие парцели, додека пак со втората бара ИСТРАГА од страна на општинските инспекциски служби за законитоста на постапката за отуѓување на градежното земјиште.
И покрај исцрпното образложение на советниците на Левица за ваквите барања, за време на продолжението на четвртата седница и неприкосновената правна издржаност (повикувајќи се на членовите 36, 38, 39 од Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување и член 15 алинеа 4 од Деловникот на општината), сепак правната служба на општината и советничката група на СДС неосновано тврдеа дека овие точки немаат правна основа, мешајќи го ова барање со членовите кои се однесуваат на граѓански иницијативи за референдум.
Советот на Општина Центар како највисок одлучувачки орган на општината има полно законско право според горенаведените членови да ги задолжи службите да спроведат референдум на кој ќе им дадат право на Центарци да се изјаснат по ова прашање кое подеднакво ги засега.
Сепак, иако расправата не вроди со плод, Градоначалникот на општина Центар вети дека во најбрз можен рок ќе организира средба со внатрешни и надворешни експерти, како и со кординаторите на советничките групи, на која ќе се изнајд�
...
https://www.youtube.com/watch?v=xCrX5T3NfIY
На седмата редовна Седница на Советот на Општина Свети Николе беше усвоена предлог точката на дневен за „Oтворен ден за средба на граѓаните со членовите на Совет на Општина Свети Николе“.
Со усвојувањето на точката предложена од Советникот на Левица, се овозможува креирање на официјален институционален канал преку кој граѓаните ќе можат директно да комуницираат со членовите на Советот.
Ги повикуваме граѓаните на Општина Свети Николе, како и граѓанските здруженија и организации, претставниците на месните заедници и активисти да ја искористат можноста директно да учествуваат во креирањето на локалните политики и да ги предочат пред советниците своите: предлози, идеи, иницијативи и решенија за проблемите со кои се соочуват.
Отворен ден за средба со граѓаните е секој вторник од 18:30 часот, на средбите ќе присуствуваат по најмалку два советника (по еден од владејачкото мнозинство и опозицијата). Советниците се должни да ги процесуираат вашите барања!
...
https://www.youtube.com/watch?v=86SNKhwkSiQ
И сила нема која може да ги сруши сите планови -
за нас.
И сила нема која може да нѐ промени во иднина -
за спас.
Да, еве тука сме и ќе останеме,
Една мисла - визија за живот делиме.
Храбри, одлучни, млади, бестрашни,
Во еден глас на цел свет ние порачуваме:
Ќе победиме, ќе победиме!
Црвен бран од сите страни ќе направиме.
Македонија го заслужува делото на
Црвена Младина, Црвена Младина.
И сила нема која може да ги уништи соништата -
за час.
И сила нема која може да нѐ остави рамнодушни - без глас.
Да, еве тука сме и ќе останеме,
Една мисла визија за живот делиме.
Храбри, одлучни, млади, бестрашни
Во еден глас на цел свет ние порачуваме:
Ќе победиме, ќе победиме!
Црвен бран од сите страни ќе направиме.
Македонија го заслужува делото на
Црвена Младина, Црвена Младина x4
...
https://www.youtube.com/watch?v=bHxxuPugVJU