Одговор на пратеникот Димитар Апасиев до премиерот Зоран Заев
„Прашавте од што се плашиме? Се плашиме од процесот на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА кој што ќе го спроведете. И се плашиме од договорените проценти со ДУИ уште кога ја формиравте владата.
Имено, цело време се повикувате и така го прошверцувавте Законот, со европско знаменце. Никаде немате попис на дијаспора, никаде во светот согласно со Конференцијата на европски статистичари, само жители кои тука живеат една година се попишуваат, за да нема двојно попишување.
„Покрај тоа што ние сме Парламент и парламентарна демократија којашто најретко има пратенички прашања, од 18 месеци, 12 систематски не свикувате пратенички прашања. Од друга страна, имате ситуации кога неправилно ги распределувате поставувањата на пратенички прашања.
Процедурално мое е тоа што Левица е секогаш систематски ставана подолу да поставува прашања, што дефакто ни оневозможувате да дојдеме на ред.
Писмените прашања заземаат пола од седницата и потоа редоследот кој вие го правите дозволува максимум пет пратеници да постават пратенички прашања. Тоа е систематско загушување на контролна и надзорна функција на Парламентот. Парламентот не е како што Вие го замислувате, само да штанца закони. Парламентот има суштинска контролна функција.
Еве и денес Левица е ставена осма. Откога сме во почеток на мандатот, Левица има само два пати усно поставувано пратенички прашања.
Велите дека пропорционално го делите составот, повикувајќи се на овој чл. 40, меѓутоа опозицијата не е само ВМРО-ДПМНЕ. Левица е посебен ентитет во опозицијата и како таква треба да биде третирана. Тоа значи дека првото место е за ВМРО-ДПМНЕ, второт место за Алијанса и трето секогаш и на секоја седница треба да биде за Левица, а не осмото и со тоа, систематски да бидеме оневозможени да поставуваме пратенички прашања.“
- Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Левица, во своето процедурално обраќање на денешната седница во Собрание.
...
https://www.youtube.com/watch?v=hzDlTIzk6q4
,,Кој обвинител ќе си стави глава во торба за 50.000 денари плата да се тепа со мафија?!"
#ДимитарАпасиев
...
https://www.youtube.com/watch?v=WkXAWYaRdVw
Не' прашаа, што им посакувате и порачувате на политичките и идеолошки противници во 2021... Кратко и јасно им ја честитавме.
Среќна Нова година
#ЌеВиситеЗаедно
#ПоздравОдНеподмитливите
...
https://www.youtube.com/watch?v=gQbkx0IiubM
НЕ Е НОРМАЛНО нашите реки да бидат токсични и загадени.
Да се бориме против ова е НОРМАЛНО!
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=a6Fv1Bgx-3A
Пратениците на Левица - Димитар Апасиев и Борислав Крмов - пристигнаа на конститутивната седница на новиот парламентарен состав.
...
https://www.youtube.com/watch?v=B_L3L_YN0j0
Левица поднесе околу 1400 амандмани со саркастичен и ироничен тон, односно направи филибастеринг, со цел да го блокира процесот на менување на Деловникот за работа на Собранието. Сметаме дека владата сака да протурка онлајн работа на пратениците, за да го прошверцуваат Договорот со Бугарија, кој деновиве го крчка Заев со Софија, а кој би бил погубен за Македонија.Изјава на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев во врска со овој проблем за Алсат М
...
https://www.youtube.com/watch?v=1RL3vm5buSU
Во одлична атмосфера вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена Младина во присуство на огромен број на млади симпатизери и членови на партијата
...
https://www.youtube.com/watch?v=EGhqeYBw6Oo