Денес пред нас се наоѓаат точки на дневен ред кои се од најзначаен карактер.
Ги слушаме двете страни, едните како локална, а другата како централна власт.
Лутајќи во процентите, реализациите, 30 години го пустошат нашиот град и забораваат на граѓаните, а тоа можи да го констатира секој жител на овој град.
Секој на свој начин го лоцира проблемот, а чудно е тоа што никој не понудил решение.
Ние како советничка група дадовме поддршка на многу иницијативи и барања од сите политички структури што мислевме или се' уште мислиме дека ќе бидат од голем придонес за градот.
...
https://www.youtube.com/watch?v=-mAAfqL6yig
На седница на Комисијата за статут и прописи на Општина Гевгелија (одржана на 03.12.2021) членот на Советот и Комисијата од редовите на Левица даде свои забелешки на предлог одлуките за третата седница на Советот на Општина Гевгелија.
Едната забелешка е што во законските основи за носење на методологија за финансирање на граѓански организации се наведени членови од Закон за локална самоуправа и Статутот, кои викаат дека Советот и градоначалникот вршат други работи согласно закон, без притоа да се наведе кој закон.
Проблемот е што при носење на одлуки секој државен орган, вклучувајќи го и Советот, мора да внимава на легалитетот, односно не смее да излегува од законски, статутарно и деловнички дадени рамки. Затоа, пред секоја одлука, јасно мора да се наведе законски основ. Арно ама, вршењето други работи согласно закон без да се наведе кој закон не е законски основ.
Друга забелешка е што во предложените одлуките за менување на членови на училишни одбори во две училишта, во законскиот основ се наведени погрешни точки од член на закон. Станува збор за точки кои уредуваат различна материја од училишни одбори.
Трета забелешка е што во предложените одлуки за менување членови во управни одбори на институции од културата како законски основ е наведен погрешен член кој ја уредува материјата директор, а не управни одбори. Дополнително се забележа и на составот на членовите на управните одбори на овие институции, кои според закон мора да бидат составени од еден претставник на општина, еден вработен и тројца членови од редот
...
https://www.youtube.com/watch?v=QIKIHLZFaMc
(Пратеничко прашање на пратеникот од Левица - Борислав Крмов до министерот за образование, Јетон Шаќири.)
„Прво да демонстирам во какви услови нашите студенти - иднината на оваа држава - учат, студираат и живеат.
Во студентските домови нема топла вода и греење, па често студентите се болни и имаат инфекции. После 19ч. им се гасат лифтовите и строго се забранети грејни тела, а им се гасат и фрижидерите.
Собите им ги тресат како Гестапо, без нивна дозвола, што е нелегално. Имаат притисоци и се бркаат студенти од домовите, чисто да послужат како пример за другите.
Цените се покачени, сместувањето редуцирано, реновирањето се одолговлекува, а можеби и се спремаат за приватизација. Поради ова, студентите на два пати излегоа и на протести со скромни барања.
Моето прашање е, земајќи ги во предвид сите горенаведени работи, дали мисли министерот воопшто да им излезе во пресрет на студентите или владата планира на грбот на најсиромашните студенти да продолжи со мерките за штедење?
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=Z8G_USTL8qg
? Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за последиците од уставните измени:
? ,,Никој не говори за правните последици, не е ова како што ни викавте: Бугарите ќе ги внесеме и тоа е тоа. Не е така. Ние немаме граѓански концепт на држава, туку имаме етнички, трибалистички заостанат примитивен концепт на држава! Ние сме поделени на етнички групи и тие етнички групи имаат колективни права, за разлика во Бугарија кадешто немаат. Ние имаме lex specialis за малцински права на тие заедници, кои имаат право на образование, за децата во струмичко да учат на бугарски јазик.
Сега ќe се вадат нови бугарски пасоши - за 250 денари, како што Министерот за правда им овозможи. Ќе се овозможи радио и ТВ програма на бугарски јазик каде ќе се емитуваат документарци за како Гоце Делчев е Бугарин и како Илинденското востание е бугарско востание.
Понатаму, поради славењето на празниците, ние во оваа држава ќе ја славиме Санстефанска Бугарија, во која е инкорпориран дел од Македонија, со Охрид како столица. Се предвидува државно финансирање на културни клубови како „Ванчо Михајлов“, „Цар Борис Трети“ или „Цар Фердинанд“. За на крајот да имаме и квоти за вработување и да имаме Рамковен за Бугарите како што имаме за Албанците. Ова се правните последици од вметнувањето на преамбулата на Уставот.’’
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=ERDH1qvZb-E
Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев.
„Кога имате достава на иницијатива за референдум на државно ниво, вие како претседател, сте овластен формално-правно да испитате дали иницијативате е уредна или пак не. Други ингеренции немате. Според член 191 став 1 од Деловникот на Собранието, претседателот ја досатвува до законодавно-правната комисија и комисијата за политички систем.
Вториот чекор е тие да произнесат мислење во кое ја оценуваат уредноста на иницијативата. Под претпоставка дека ви дале негативно мислење, на основа на член 191 став 2, ако претседателот утврди, следејќи го мислењето на двете комисии, дека иницијативата е неуредна прашањето во врска со иницијативата го става на дневен ред на следната седница на собранието. Знаете ли зошто е ова вака?
Отфрлањето е сериозно прашање, бидејќи се работи за врховно право на граѓаните. Пред Собранието се граѓаните како врховен суверен од кој потекнува суверенитетот. Тие одлучуваат, и затоа, Деловникот отфрлањето го третира како пленумско овластување, не како спикерско.
Кој е следниот чекор? Собранието, не вие, со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна или не. Заклучок, почитуван претседателе“
...
https://www.youtube.com/watch?v=oAPItrjf6E4
Треба да почнеме да ги даночиме луѓето кои заработуваат на маката на овој народ!
? Дел од гостувањето на Портпаролот на Левица - Амар Мециновиќ во ,,Тешки муабети" на Инфомакс.
#левица #левицаодпарламент #Levica #LevicaPartija
...
https://www.youtube.com/watch?v=RZO9Qs_rpxM
АКТИВНИТЕ ТУЖБИ ПРОТИВ ОПШТИНА ПРИЛЕП ПРИЧИНА ЗА НЕКОНТРОЛИРАНО ИСМУМПУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА
? По наше барање, добивме писмен одговор на тоа колку вкупно активни тужби се водат против Општина Прилеп.
❗Моменталниот број на активни тужби против Општина Прилеп е 112. Што значи дека Општината губи народни средства на адвокатски трошоци, судски спорови, извршни решенија и извршители.
❗Не ја исклучуваме и можноста дека можеби станува збор за организирана мрежа каде што Општината намерно е оштетувана со ненавремено плаќање фактури, каде истите подоцна преку судско решение или извршител се наплаќани па и десеткратно.
? ЛО Левица Прилеп овој случај дополнително ќе го истражи, но го повикуваме и портпаролот на Општина Прилеп, Влатко Петкоски да им објасни на граѓаните, јавно, како е дојдено до енормна бројка на активни тужби и колку точно е оштетена општината од истото.
#ЛевицаОдСоветите
...
https://www.youtube.com/watch?v=vBbPZGiWozc
Левица – ЛО Битола
,,Ние сме должни да го негуваме нашиот мајчин јазик, исто како и нашата татковина. Да не се заборави нашата духовна храна, гласовите од нашите родители, предци – затоа што ние треба да бидеме новите духовни наследници, особено кога власта е директен учесник во негирањето и бришењето на јазикот пред напливот на експазионистичките идеи на соседите.”
– Ана Димовска – член на ЛО Битола
...
https://www.youtube.com/watch?v=UN-P9NGA0yM
(Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов на денешната собраниска седница.)
„За компанијата „Бехтел и Енка" го свртуваме целиот правен систем на глава и за нив не важат никакви закони - тие можат да газат преку шуми, преку земјоделски земјишта, преку археолошки наоѓалишта, ќе кршат работники права. Што сакаат ќе прават, само за да се избутка овој криминал од милијарда и 700 милиони евра!
Затоа Левица ќе даде сѐ од себе за да ги спречи овие закони!"
...
https://www.youtube.com/watch?v=JmAbWIftVsY