Kрмов: ,,Традицијата на СДС не е традицијата на партизаните, како тие што викаат."
,,Традицијата на СДС не е традицијата на партизаните, како тие што викаат. Тоа е традицијата на ПОДАНИЧКАТА комунистичка номенклатура, која сè ќе направи за да си ги задржи фотелјите!"
✅ Левица не е против вработувања во јавниот сектор.
?Левица е против партиски вработувања.
❌ Партиските вработувања се појава во која партиите на власт тргуваат со тоа што не е нивно, државните работни места, а за возврат добиваат гласови со цел да ги фатат уздите на Републиката која за нив е само средство за обрт на капитал.
Советникот од редовите на Левица во Советот на Општина Гевгелија, Сашко Јанчев, во своето излагање на 31 седница меѓудругото рече:
‼️“Партиите може да тргуваат со работни места кои се плаќаат со партиски буџет, а не со работни места кои се плаќаат од државен буџет.
?Со цел да се внесе доза на јавност во вработувањата, како би се направил мал придонес во борбата со партиските вработувања, на 12 седница на Советот, по иницијатива на Левица, донесовме одлука огласи за вработување и намери за склучување на договори за дело да се објавуваат и на Фејсбук и веб страната на Општина Гевгелија.
❌ Огласите за вработување дефектно се објавуваат, а намерите за склучување на договори за дело воопшто не се објавуваат.”
⚠️ Тој додаде дека договорите за дело се злоупотребуваат така што истите се даваат за тековни работи за кои е предвидено да се склучуваат договори за вработување, а потоа договорите за дело се продолжуваат до бескрај како луѓето би се држеле под контрола, за уши, кога им требаат на партиите за гласање.
⛔ Дур постојат вакви пракси Левица ЛО Гевгелија нема да гласа планови за вработување.
#ЛевицаОдСовет
...
https://www.youtube.com/watch?v=JiV3tzxFgVs
МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ
? Народот со #Левица ќе стави крај на понижувањата кои ни ги приредува широката коалиција помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ!
Заедно ќе ја возобновиме Македонија!
...
https://www.youtube.com/watch?v=wUikmEc8wMM
?️ На протестот на пензионерите во Штип, даде поддршка и Носителот на ИЕ3, пратеникот Борислав Крмов.
Крмов првенствено ја посочи незавидната ситуација во која се наоѓаат македонските пензионери.
,,Имаме тука ситуација да таа додатна помош од социјалата којашто ја добиваат, сега, всушност, им е скратена. Власта се фали дека наводно им помогнала.
Пензионерите јасно и гласно кажаа: значи, покачување линеарно на сите од 3500 денари до 5000 денари! Минимална пензија од 18.000, дури и 20.000 денари. Они живеат со 12.000 ден. И сега на тие 12.000 земале по 2000 - 3000 ден. од социјалата како допуна, како помош и сега тоа е скратено на пола! Замислете, тие пензионери со тие примања немаат ни за храна! Нив, нивните деца им плаќаат сметки и храна, за да преживеат.
Јас и како пратеник во ИЕ3 имав апсолутна поддршка за пензионерите за сите нивни барања".
Левица во својата програма има мерки за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.
,,Според Програмата на Левица, минималната пензија е две - третини од просечната плата; државни пензионерски домови за пензионерите и намалување на годините за пензионирање 60 години - за жени и 62 години - за мажи", потенцираше пратеникот Крмов.
...
https://www.youtube.com/watch?v=LS3BJ84sYus
„Нас ни треба македонска платформа, без оглед кој е на власт, да се дефинира дека нема менување на државните инсигнии (знаме, химна).
И пописот е шајката на ковчегот! Затоа ние одбивме да играме. Тие 130.000 што бојктотираа се најпрогресивниот дел од народот. Да било Втора светска војна, тие луѓе ќе излезеа во партизани! Тие не потпаднаа под притисоци и го поништија пописот. Ние немаме попис, во правото тоа го викаме error facti, или погрешно утврдена фактичка состојба."
- Излагање на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=hP2MiYKJaLM
Борислав Крмов во „Само вистина“: „Не е никаков успех да ја водите кризата на кредит, тоа ќе мора еден ден да се плати. Од друга страна, имаме огромен број на фирми, коишто правеа милионски профити со години наназад, а коишто сега во ваква кризна ситуација, требаше својот данок да го дадат.
Како вика премиерот - сите сме во ова, сите сме во кризата - не може фирма, којашто имала наназад 100 милиони чист профит годишно (банките и некои поголеми фирми), сега да се споредуваат со работници, коишто врзуваат крај со крај. Значи, ние тој капитал не го пипнавме, им го оставивме, а целиот товар паѓа на работникот фактички, којшто го полни буџетот пак за работникот!“
...
https://www.youtube.com/watch?v=SEN8Iop1GGE
Прес конференција на Амар Мециновиќ, по повод соопштувањето на кандидати за градоначалници и советнички листи со кои Левица ќе настапи на претстојните локални избори во октомври 2021 година.
...
https://www.youtube.com/watch?v=miZsikMf2pM
КРМОВ: УСТАВНИТЕ СУДИИ СО САМОВОЛНОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПЛАТИ ГО ПРЕКРШУВААТ УСТАВОТ И ВРШАТ КРИВИЧНО ДЕЛО
Борислав Крмов на прес-конференција, по повод поднесениот Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии:
„Овој чин, којшто тие го направија, значи со деловничка измена сакаат да протуркаат нешто што мора да биде со законска измена, е имено и неуставно и тоа по повеќе членови од Уставот на Република Македонија. Меѓудругото, по член 113, 109 и 51. Освен што е незакоски, претставува и кривично дело по член 353 од КЗ, а тоа е членот за злоупотреба на службена должност и овластување.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=6WCSyV6LGSI
На ден 03.12. 2021 година, одржана е IV-та седница на Совет на Општина Богданци.
Како дел од програмата на Левица, должни сме да работиме јавно и транспарентно, токму затоа и секоја одлука која ќе ја донесе советникот Тодоров, а има битен карактер за општината, ќе биде јавно изнесена пред граѓаните и образложена.
Краток приказ на дел од денешната работа на Советот.
1. Предлог - одлука за утврдување на потребата од ажурирање на процената за загрозеност на подрачјето на општина Богданци од сите ризици и опасности.
Од страна на советникот Тодоров, беше забележано дека, процената на загрозеност од сите ризици НЕ Е АЖУРИРАНА со нови податоци од далечната 2012 година. Ова всушност зборува за тоа како работи ЦУК (Центарот за Управување со Кризи) и зошто секоја година за време на кризи како пожар или др. видови на непогоди, ние сме изненадени, немаме капацитети и сме во паника како регион, но и како држава.
2. Предлог - Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Богданци за трет квартал.
Во прилог дел од дискусијата на седница на Совет
Реализацијата на КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ изнесува 18,4 % или од планираните 93 милиони денари, реализирани се само 21 милион денари. Празнината на нереализираните средства од 72 милиони денари ќе се провлекува низ буџетите кои претстојат. За овој предлог советникот Тодоров беше воздржан.
3. Предлог - одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на Општина Богданци за 2021(основен буџет) .
Во однос на оваа одлука исто така беше дадена забелешка, од страна на советникот Тодоров, поради тоа што пос
...
https://www.youtube.com/watch?v=Cqectzvdmek
Не е потребно дополнително отворање на Уставот на Република Македонија за додавање на бугарското малцинство, затоа што е крајно време да се смени насоката во која се движиме.
Загрижувачки е молкот на Брисел за очигледната еднострана насилничка дипломатија на Софија, која се надоврза на низа анти-европски пракси кои го следат односот помеѓу двете држави, а се однесуваат на некомпромисното расположението кое доминира во бугарската политика.
Сепак, за осуда е и индиферентноста на нашите дипломатски активности, кои покажаа недостатоци во агититање во пријателските држави во Европа, за да се наметне притисок врз Бугарија. Еден дел од тие земји, се оние на западните Словени, поради природата на спорот кој го имаме околу јазикот.
- Амар Мециновиќ, портпарол на Левица
(13.05.2022г.)
...
https://www.youtube.com/watch?v=taUq1z3HqoY