„#Левица има поднесено преку 30 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ против носители на јавни функции. Услов за Влада ќе е овие да одат во затвор!
ДПМНЕ има поднесено тужба ПРОТИВ Левица, наместо да поднесува против СДС?! Ние, со ограничените ресурси што ги имаме, даваме сѐ од себе да остане институционална меморија, утре да има црно на бело дека некој поднел кривична пријава и докази против некој функционер."
? ,,Ние имаме ќелеш-тефтер од 100-тина луѓе кои ќе завршат во ЗАТВОР во првиот ден кога ќе дојде Левица на власт!"
?️ Претседателот на #Левица Димитар Апасиев во емисијата ,,Тешки муабети".
...
https://www.youtube.com/watch?v=GPdAP_8gu3g
АПАСИЕВ КОН МАРИЧИЌ: МАКЕДОНИЈА Е ДОЛГА И ШИРОКА РАБОТА, ЗАТОА НЕ ЧЕПКАЈТЕ!
Првото пратеничко прашање за овој месец на лидерот на ЛЕВИЦА, Димитар Апасиев, беше упатено до дотичниот министер за правда, Бојан Маричиќ, којшто е вториот човек после султанот, Абдул Хамид, кој со Декрет го забранува името Македонија.
„Прашањето се однесуваше на тоа, по кои членови се однесува оваа забрана на името. Тој одговори дека, досега откако е Преспанскиот договор влезен (иако е илегален, тие си го сметаат за влезен), има 37 Барања, од нив 34 се одобрени, 3 се одбиени. Претпоставувам и прејудицирам, дека додека била Дескоска министер, бидејќи таа е професор по право и знае повеќе право од магистерот Маричиќ, Дескоска ги удоволувала барањата, додека откако дошол Маричиќ, веројатно ги одбива барањата со едно ноншалантно застрашувачко образложение дека, воедно вели, „термините Македонија, во преведена, или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од сите, ОД СИТЕ – не од државни субјекти, туку ОД СИТЕ! Ова е многу слично како што султанот Абдул Хамид во својот султански Декрет од 1903 година го забрани името Македонија – ова е султанот, против којшто нашите комити и војводи креваа востание!“
...
https://www.youtube.com/watch?v=UDb8nR1mLyQ
Изјава на пратеникот Димитар Апасиев, по прекинатата седница на Комисијата за одбрана и безбедност во врска со Предлог-законот за државјанства, на која требаше да продолжи со својот говор од минатата седница, која исто така беше прекината.
Апасиев: „Овој Предлог-закон е тотално непотребен, бидејќи до сега во два наврати се испаѓало во пресрет на оние лица кои по пат на сукцесија од СФРЈ не стекнале државајнство. И патем речено, да биде иронијата поголема, ова го користат Алијанса и Алтернатива за да набиваат националистички и шовинистички агенди без тотална потреба.
Проблемот е што има неколку илјади граѓани, кои навистина немаат државјанство и тој проблем е институционален, а не е легислативен, тоа значи - не се решава со промена на закон.
Во меѓувреме, има еден закон, кој го поднесе пратеничката Љатифе Шиковска, и кој го решава проблемот и на овие луѓе, а тоа е Законот за неевидентирани лица во матична евиденција. Тој закон сега се пролонгираше, така што по тој закон овие луѓе ќе можат да стекнат државјанства.
Оттука, ова е тотално непотребен закон, тоа е само политички маркетинг на Алијанса и Алтернатива и нема никаков допир со реалноста, бидејќи веќе постојат законски механизми по кои што овие луѓе може да стекнат државјанство.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=mTYjO2PSCHs
ГОВОРОТ на претседателот на Левица - Димитар Апасиев на Првата скопска дружба во општина Центар
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=8ZhYFKG43f8
Кои се ВИСТИНСКИТЕ ХЕРОИ на нашето време?
Виолета Аврамоска од Охрид - невработена самохрана мајка
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=YFi7hHTGQcw
Трето видео за претставување на Кандидатската листа за пратеници
? БОРИСЛАВ КРМОВ, член на Президиумот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија (Изборна единица 3)
? „Времето за решителна борба пристигна. Застанете до нас! Заедно да го вратиме она што неправедно беше одземено, а му припаѓа на македонскиот народ. Само со заедничка борба, можеме да успееме!"
#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024
...
https://www.youtube.com/watch?v=BhL7a99j6Z4
Локалниот огранок на Левица во Илинден свечено ја отвори новата канцеларија во општината.
Народот ја препознава Левица како своја народна партија која што постои за да се избориме за доброто на сите.
Левица е поинаква партија, која ветува грижа за сите, но, најмногу за обичниoт народ кој минатите децении изгуби доверба во сегашните партии на власт и кои сега пропаѓаат една по една вo бездната на безидејноста, криминалот и незаинтересираноста за суштествувањето на "нивниот" народ.
Поддршката за Левица како единствена автентична партија на трудот секојдневно расте. Локалниот огранок на Левица од Илинден, како дел од тој инструмент е во постојан раст, а како резултат на тој раст и потребата да бидеме достапни за граѓаните ја отвараме канцеларијата на ЛО Илинден.
...
https://www.youtube.com/watch?v=ma4tGg_6_Ls
„Треба да прекинеме да се потпираме на сила од страна. Луѓето имаат погрешна перцепција во некоја омнипотентност на амбасадорите. Амбасадорите доаѓаат тука да направат кариера, нив не ги интересира СОДРЖИНАТА.
Содржината ја боксуваме ние внатре, а јас не гледам никаква борба од наша страна!"
...
https://www.youtube.com/watch?v=txZ3tfOqzQ4