Жената која е жртва на насилство, доколку не добие соодветна поддршка или разбирање од полицијата, здравствените работници, судството или другите институции, тоа води кон секундарна виктимизација, а жртвата дополнително е загрозена.
Важно е институциите и професионалците да бидат внимателни и сензитивни во однос кон жртвите и да им обезбедат потребна поддршка и заштита. Истакнувањето на секундарната виктимизација може да помогне во подигање на свеста и промена во пристапот на системите за поддршка.Оваа власт предводена од ДУИ и СДС целосно потфрла во системот за заштита на жените жртви на насилство, а доказ за ова, за жал се премногу зачестените случаи на фемицид, сексуални напади и семејно насилство изминатиот период.
Жените, иако сѐ повеќе се едуцирани и сѐ почесто се охрабруваат да пријават насилство, ИНСТИТУЦИИТЕ; обвинителствата, МВР, центрите за социјална работа, па сѐ до Министерството за труд и социјална политика, се оние кои длабоко ПОТФРЛААТ и има сериозна потреба од едукација за посериозен пристап кон жените кои им се обраќаат во очај. Од работата на СДС како владејачка партија седум години, гледаме тотална негрижа, а тоа го потврдија и забелешки од Извештајот на ЕК.
Молкот на одговорните институции е СОУЧЕСТВО во насилството врз жените.
Секундарна виктимизација е СОУЧЕСТВОТО на власта преку институциите во насилството врз жените.
#16ДенаАктивизамЗаБорбаПротивНасилствоВрзЖените
#АФЖнаЛевица
#НовБранПолитичарки
...
https://www.youtube.com/watch?v=vqeb9D5JOhQ
Изјава на пратеникот на Левица Борислав Крмов за Канал 5, каде ги објаснува причините за блокадата на Левица на Собранието на Република Македонија и проблемите и недостатоците на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој деновиве беше поднесен во Собранието со европско знаменце.
...
https://www.youtube.com/watch?v=EzSDbaZrfvc
Кои се ВИСТИНСКИТЕ ХЕРОИ на нашето време?
Петар Диклиќ од Старо Нагоричане - земјоделец
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=O8HIcWiurR0
Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи.
По низата на скандали со т.н. "историска комисија" на која и претстои "толкување" на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите.
Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската - во целост. За Владата, синтагмата "бугарската фашистичка окупација" е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија.
Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата - тоа е оставено на т.н. "историска комисија", за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемитска и ревизионистичка агенда.
Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше:
"Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид - сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во "конечното решение" за "еврејското прашање" на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?"
...
https://www.youtube.com/watch?v=FlGyjhQv7cw
Нашите идни советници во општинските совети ќе бидат она што се нашите пратеници во Собранието на РМ - гласот и совеста на народот!
РЕЏЕП ИСМАИЛ (ХАКТАН) - носител на Советничката листа на Левица за Град Скопје
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=xO57E5KIlZI
Советникот Амар Мециновиќ, од Советот на Град Скопје за иницијативата на СДСМ која има за цел да овозможи узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и на тој простор да наплаќа паркинг.
„Да се потсетиме дека ова стопанисување сакате да му го предадеме на „Ист гејт“ - трговски центар со небезбедна консрукција која видовме дека протекува.
Ако на советничката група на СДСМ ова ѝ е приоритет, ми се чини дека ние како Совет, сега гласаме да го оправдаме претходното лошо раководство и ветувањата на Шилегов. Оваа иницијатива е веќе отфрлена и зошто СДСМ повторно ја предлага, зошто да го дискутираме истото?
Нема никакви стандарди, затоа мора да го смениме тоа - нема да се дозволува стопанисување на неодговорни компании кои сакаат само да си го подобрат коефициентот за кога ќе сакаат да го продадат.
Имаме проблем со јавниот превоз, а вие (СДСМ) сте против набавка на нови автобуси, а сметате дека треба да го решаваме паркингот на „Ист гејт“ со кој простор сака да стопанисува.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=fa7uE_C1zjc