Апасиев: Предлагаме патните трошоци на пратениците да се намалат четирикратно
АПАСИЕВ: ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ЧЕТИРИКРАТНО ЗА ДА НЕМАМЕ СИТУАЦИИ КАДЕШТО ПРАТЕНИЦИ ЗЕМААТ ПО 70 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ЕДЕН МАНДАТ
Прес конференција на пратеникот Димитар Апасиев, по повод поднесениот Предлог-закон за изменување на Законот за пратеници од страна на Левица, а со кој се предвидува драстично намалување на патните трошоци на пратениците на македонското Собрание.
„Сметаме дека крајно време е да се застане на патот на ова бескруполозно трошење на народни пари за патни трошоци во ситуација кога останатите вработени во Република Македонија, немаат вакви привилегии. Има неколку модалитети кои беа разгледувани, ние се одлучивме за наједноставниот, а тоа е процентот – кој сега е 20% за изминат километар, да се сведе на 5%. Според нашите анализи, тоа значи практично изедначување на патниот билет за меѓуградски превоз со износот кој би го добивале пратениците. Ова значи дека, на пример, сума која досега ја добивале од 4800 денари, би се намалила на 1200 денари, што значи четирикратно намалување на патните трошоци. На овој начин нема да имаме ситуации кадешто и по 60-70 илјади евра се исплаќаат на пратеници, што е нонсенс за една ваква држава со вакви слаби економски политики.“
?️ Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за предлог-Законот за домување:
? ,,Ова е еден, според нас, круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија.
На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и затоа се носени заштитнички закони.
Досега методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, односно е под-законска, а не законска материја. Со овој закон се предлага таа да стане законска материја и тоа да биде еден став во Законот за домување. Втората промена, е за куршлусот кој е направен. Иако Владата има право да воведе регулација на кириите и наместо да утврди максимална кирија, нашата Влада утврдила минимална кирија. Кого штити Владата? Ги штити рентиерите наспроти студентите во тие станови, наспроти работниците во овие станови.
Со оваа измена предлагаме да се воведе горна граница на износот на кирија. Оттука, апелираме на вашата совест, бидејќи ова опфаќа многу од населението во Македонија, а истовремено од подзаконска, оваа материја станува материја легис."
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=HZLs_BPQyVk
На 9 та седница на Советот на општина Охрид, советникот на Левица, Виолета Аврамоска, побара да се обезбеди сигнализација на две раскрсници во Охрид , раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски.
Овие раскрсници се единствени во Охрид на кои има семафори , но тие не функционираат.
Движењето на раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски има голема циркулација на возила , особено ул. Питу Гули, која е улица со предност на минување. Семафорите на оваа улица веќе веќе подолго време не функционираат , така што практично движењето на возилата кон центарот на градот во утринскиот период , од 7 и 30 до 8 часот, е многу отежнато.
Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,, Христо Узунов " , вака без сигнализација , загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци.
Во овој дел наутро има еден полициски службеник , но со тоа не се постигнува никаков ефект, бидејќи училиштето работи во две смени, а треба да се има во предвид и големиот одмор кој го имаат децата.
Токму поради тоа , советникот на Левица предложи на оваа раскрсница да бидат вклучени семафорите се' додека не се изнајде друго соодветно решение за обезбедување на раскрсницата.
Што се однесува до раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец , исто така беше предложено од советникот на Левица да бидат пуштени во употреба семафорите поради безбедноста на учесниците во сообраќајот, се' до донесување на посоодветно решение од страна на стручните за тоа.
...
https://www.youtube.com/watch?v=l1tcbdfD2xU
?Во изминатиов период, Левица, институционално, материјално и практично - помогна на многу семејства во општина Ѓорче Петров. Постапувавме и помагавме кога директно нѝ се обраќале за помош, но и тогаш кога сами ќе воочевме некоја потреба, проблем за којшто би можеле да помогнеме.
?❤️Овој пат, по повод Светскиот ден на љубовта кон миленичињата, решивме да им помогнеме на немоќните, безгласните – маалските миленичиња. Во соработка со жителите поставивме опремени куќарки на локации каде гравитираат повеќе бездомни кучиња за кои обезбедивме и храна.
...
https://www.youtube.com/watch?v=ftC6ogzeOpk
Досега надоместокот кој што требаше да и се плати на Oпштина Гевгелија за градење ветерници беше во висина од 6 000 000 денари. Сега Министерството за транспорт и врски донесе нов Правилник со кој таа давачка се намалува на 1 200 000 денари и тоа стигна на дневен ред на Советот на Општина Гевгелија. Проблемите за ова во основа се три.
Прв проблем е што Општина Гевгелија воопшто не е консултирана за ова, а согласно Законот за локалната самоуправа власта е должна благовремено да ја консултира Општината кога се одлучува за работи кои се однесуваат на неа. Согласно истот закон власта е обврзана да соработува со општините кога се во прашање изворите на финансирање на надлежностите на општините. Наместо ова, власта си соработува со милионери и моќници кои планираат да градат ветерници и по нивна желба го намалува надоместокот кој тие треба да и го платат и со тоа и го крати изворот на финансирање на Општината.
Друг проблем е што надоместокот кој се плаќа веќе е мал и еднократен. Моќниците за тој мал и еднократен надоместок добиваат право многукратно, речиси бесконечно, да профитираат, трајно да ја пореметат животната средина, и да ги уништат локалните патишта при транспортот на ветерниците.
Трет проблем е што ова е целосно спротивно на новите европски тенденции кои имаат за цел создавање енергетски самоодржливи општини. Целта на тоа е да се намалат давачките за општините и општините да се ослободат од приватните трговци и производители на енергија. Наместо тоа кај нас се стимулираат приватни моќници со дополнително намалување на нивните давачките кон општините.
ПОРАДИ ОВА СОВЕТНИКОТ ОД ЛЕВИЦА, САШКО ЈАНЧЕВ, ПОБАРА ТОЧКАТА ДА СЕ СИМНЕ ОД ДНЕВЕН РЕД И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ДА СЕ ИСПРАТИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДА СЕ ИЗНАЈДЕ НОВО РЕШЕНИЕ ВО КОЕ ЌЕ СЕ ЗЕМАТ ПРЕДВИД И ИНТЕРЕСИТЕ НА ОПШТИНАТА. ПО БАРАЊЕТО ТОЧКАТА БЕШЕ СИМНАТА ОД ДНЕВЕН РЕД.
Во прилог говорот на советникот од Левица.
...
https://www.youtube.com/watch?v=jF6EzheXi8o
Советникот на #Левица - Амар МЕЦИНОВИЌ, од денешната седница на Советот на Град Скопје.
Двете најголеми советнички групи (ДПМНЕ и СДС) се неконструктивни по оваа точка (набавка на нови градски автобуси).
Ги повикувам да излезат и да ни кажат каде е проблемот?
Советниците се неми на потребите на луѓето и немаат допирна точка што значи јавниот превоз во Скопје и голготата на нашите сограѓани.
Ако јавниот превоз е од круцијално значење и ако тој не е функционален, нема да бидат функционални многу работи. Народот зависат од овој јавен превоз и потребна е вистински квалитетна услуга.
Вие како советници кои не ја гласате оваа нова одлука, делува дека наменски работите спротивно од интересите на граѓаните.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=tuDRd9L4J40
?Носителот на кандидатската листа за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев во своето гостување во емисијата Инфо Компас истакна дека Левица е формирана за да биде власт, а не да биде опозиција. Сепак нема да дојде на власт по секоја цена!
?„Нема отстапување од нашата Македонска Платформа! Тоа се нашите црвени линии и платформата би била дефинитивно услов за кревање рака за извесна наредна влада! Тоа треба да биде една општо-прифатена платформа од страна на сите партии и да служи како одбрана при уцените кои произлегуваат од Бугарската и Тиранската платформа!
✊ Ќе преговараме за економија, за образование, за социјала, но нема да преговараме за унитарноста, идентитетот, секуларноста, територијалниот интегритет и за државните инсигнии!
5️⃣ Од овие пет точки нема попуштање, ние имаме и други услови, како што се триесет кривични пријави против функционери на СДС и ДУИ чие процесуирање ќе биде дополнителен услов, но петте точки на нашата Македонска Платформа се основ и околу нив нема да попуштиме!“
#НепоткупливитеВоСобрание
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
...
https://www.youtube.com/watch?v=FIJJhsTlWAk
,,Кој обвинител ќе си стави глава во торба за 50.000 денари плата да се тепа со мафија?!"
#ДимитарАпасиев
...
https://www.youtube.com/watch?v=WkXAWYaRdVw
Макфест 2021 - оваа година го слави својот 36-ти роденден. Многу еуфорија, млади луѓе, искусни пејачи и скромни дебитанти... Победникот - Штипјанец!
И целата слика околу Макфест, ќе изгледаше пристојно, доколку при најавата водителите не го спомнеа името на „најголемиот извознички македонски бренд“, фабриката за чевли „Баргала“ – во сопственост на дедото на градоначалникот и актуелен кандидат за градоначалник – Сашко Николов.
Во време кога многу жители на Штип, директно или индиректно се соочиле со последиците на пропаѓањето на „Баргала“ (отпуштање од работа, неисплатени плати, или плата од 600 денари), тие се дрзнуваат да излезат како спонзори, помагатели, поддржувачи на овој настан и тоа на директен пренос на Националната телевизија.
Очигледно дека на овие газди и роднини на власт не им е срам да се поигруваат со чесните и вредни работници, кои впрочем низ годините им го обезбедиле тој имот.
Но, тие освен што немаат срам, не се ни свесни дека секој втор жител во Штип, деновиве зборува со презир за овој неморален чин.
Не се ни свесни дека со ваквите гестови уште повеќе ги убедуваат жителите на Штип, да ги казнат толку силно, што никогаш повеќе нема да може да се вратат на таа досегашна позиција, од кадешто ги водат штипјани во бездна!
На работниот народ во Штип - град на текстилната индустрија, му е преку глава од „газдите“, тие се свесни за својот неисплатен и невреднуван труд! Затоа на овие избори ќе излезат масовно и ќе ги казнат сите што 30 години си поигруваат со нивното достоинство!
...
https://www.youtube.com/watch?v=hU0HGNbziiY