Левица - Велес: Општина Велес планира нови 34 вработувања за партиските војници
Коалицијата ДПМНЕ-ДУИ на последната седница на Советот на Општина Велес изгласа одлука во која се предвидува нови 34 вработувања, со единствен изговор зголемен обем на работа.
Доколку се реализираат овие вработувања Општината месечно ќе исплаќа вкупно 872,715.00 денари нето, сума што е приближно иста со сумата која што општината би ја плаќала доколку се дадеше поддршка на иницијативата за бесплатна градинка, која што беше предложена од советниците на Левица.
„Не е време за воведување на никаква еко - такса. Напротив, ние се залагаме за еколошки данок за загадување, кој што ќе удри по мафијата од власта и плус ќе се влева во посебен Зелен фонд, бидеќи вака предвидената такса ќе удри најмногу врз СИРОМАШНИТЕ граѓани.
Во поглед на најавата на Владата дека ќе го поднесе со Европско знаменце, ние и покрај тоа ќе поднесеме околу 700-800 амандмани, со цел да го успориме овој процес.
Укажувам на една деловничка интервенција, која ние како Левица ја немаме, но ја има ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е членот 125 од Деловникот, кој до сега не е користен при ваков шверцерат на закони. Имено, овој член му дава право на заинтересираното работно тело, во случајов Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за транспорт и врски и екологија. И двете се под диригентска палка на ВМРО-ДПМНЕ кои може да се вмешаат во процесот и да им ги поматат сметките."
Пратеникот Димитар Апасиев за најавеното воведување еколошка такса со злоупотреба на европско знаме.
...
https://www.youtube.com/watch?v=SXPk8Si8Le0
Левица се залага за легализација и индустријализација на Канабисот.
Формирање институт за Канабис на земјоделскиот факултет во Скопје.
Ова би допринело за развој на земјоделството и туризмот во Македонија, како и развој на индустриско производство на продукти од Канабис кои би нашле примена во медицината, текстилната, градежната и енергетско еколошката индустрија.
#ДржаватаЗаНародот
#ЛевицаВоПарламент
#Заокружи4
...
https://www.youtube.com/watch?v=MPmlez8XAb8
(*Говор на претседателот на Левица - Димитар Апасиев, во однос на интерпелацијата на спикерот Џафери)
„Тоа што ДУИ продаде во албанскиот електорат дека сте првиот Албанец претседател спикер не е вистина. Па ги гледам сите, па и колегите вмровци бегаат од етнички теми!?
Јас не бегам од етнички теми! Кога ќе имаме граѓански Устав, можеме да зборуваме граѓански. Ние имаме етнотрибалистички Устав и не можеме да бегаме од етничките теми.
Не го заборавајте Неџат Аголи од Дебар, не го заборавајте Вулнет Старова кој што беше последниот претседател пред осамостојувањето. Но, вие сте првиот претседател, без оглед дали сте Албанец или Македонец, кој има најмногу кривични пријави за пречекорување на службена положба и овластување!
Собранието стана печатница на лоши владини закони. Опозициските општи акти се чуваат во фиока, како нашата Декларација, која две години не може да дојде на дебата. Интерпелациите на министрите се чуваат во фиока и не се процесуирани.
Вие воведовте скафандер-демократија, односно вие не постапивте според здравствените прописи за време на епидемија.
Го шверцувавте Законот за државјанство со европско знаменце и оттогаш почна процесот на злоупотреба на службената положба...“
...
https://www.youtube.com/watch?v=yObuPysGAKE
Укинување на патарините и воведување на систем на Вињетки.
#ДржаватаЗаНародот
#ЛевицаВоПарламент
За повеќе информации за левица и програмата посетете го нашиот веб сајт и фејсбук фан пејџ : https://levica.mk/
https://www.facebook.com/PartijaLevica
...
https://www.youtube.com/watch?v=gcFERE1i3bs
„Замрзнувањето на цените мораше да се случи порано, тие намерно не ги замрзнаа на време.
Власта им овозможува на воените профитери (кои се блиски до неа) да ги качуваат цените и тие треба да лежат затвор.
За парното не знаеме дали ќе го има, иако се обезбедени 18 милиони евра – БЕГ тврди дека законски не е обврзан да испорачува топлинска енергија, ама затоа ни испорачува сметки.
Владата има план, а тоа е воените профитери, кои се нивни луѓе, да профитираат од целата оваа ситуација - како што се приватните увозници на струја, пример синот на Заев.“
Секвенца од гостувањето на пратеникот, Борислав Крмов, во емисијата „Само Вистина".
...
https://www.youtube.com/watch?v=59GQYqdeHIw
По однос на ова прашање советникот од редовите на Левица, Јанчев, ги наведе причините зошто е против воведувањето на зонско паркирање. Тој наведе дека:
?ДПМНЕ И СДС немаат право да одлучуваат по ова прашање затоа што во нивните програми они не ветија дека ќе наплаќаат паркинг ами ветија дека ќе направат нови паркинг места. До денес ниту едно ново паркинг место не е направено;
❌Целата постапка која се однесува на зонското паркирање е недемократска, нетранспарентна и насилничка.
- Во време на СДС се глумеше јавна дебата со десетина луѓе од кои сите не се согласуваа со воведување зонско паркирање. На електронската анкета која беше поставена на страната на Општина Гевгелија мнозинство од граѓаните се изјаснија дека се против зонско, а анкетата веднаш беше тргната од страната. Се игнорираше иницијатива на Левица за референдум по ова прашање.
- Сега во време на ДПМНЕ иницијатива на Левица за едносмерен тек на сообраќај на улиците “Ѓорги Стамов” и “Гоце Делчев” се чува во фиока оти ако таа одлука се спроведе ќе се види дека постои решение и без да се наплаќа паркинг. Станува збор за иницијатива изработена во консултација со дел од жителите на овие две улици;
❗️Сообраќајниот хаос настана во време на наизменично владеење на СДС и ДПМНЕ и сега истиот се користи кои изговор на граѓаните да им се наплаќа паркинг. Хаосот настана со дозволено дивеење на градежниот сектор. Три згради никнаа за кратко време во самиот центар на градот, една зграда се прави во моментво во непосредна близина на центарот и истата е дивоградба и се гради на државно земјиште. Ситуацијата постојано се влошува со тоа што државно земјиште за зградички се распродава на големо; и
‼️Со зонско паркирање ќе се направат дополнителни проблеми. Луѓето од селата кои се приморани да доаѓаат со свои автомобили во градот сега покрај тој трошок ќе мора и паркинг да плаќаат. Паркинг ќе мораат да плаќаат и станарите на постарите згради кои со децении си паркираа бесплатно.
На крај советникот Јанчев рече:
?“Левица е против ваква одлука и од идеолошки причини затоа што левичарската политика има за цел јавниот простор да им служи на граѓаните, а не да служи ко средство да се дерат граѓаните за лични интереси и тесни интереси, во случајов теснопартиски интереси.”?
✅На ова тој додаде дека иден состав на овој Совет во кој советниците на Левица ќе бидат мнозинство ќе ја укине одлуката за зонско паркирање.
#ЛевицаОдСовет
...
https://www.youtube.com/watch?v=7rVisA0xjNo
Апасиев во „Само Вистина“: „Мојата теорија е дека, СДСМ нема веќе капацитет за добивање на македонски гласови, бидејќи е антимакедонска и антидржавна партија. Нејзиниот плафон се овие 60 илјади, кои гласаат за Заев, плус фамилијата, значи околу 200.000. Гласови можат да земат од Албанците, преку Тиранска платформа. Така им земаа на ДУИ колу 40.000 гласови.
Индикативно е тоа што, во периодот од 1994 - 1998, кога се знаеше дека ДПМНЕ ќе победи, со истата оваа логика, ако го погледнете избирачкиот список, ќе видите дека, во 1994 година има 1.360.000 гласачи, додека во 1998 во избирачкиот список се 1.570.000. Значи, над 200.000 мистериозно додадени луѓе во избирачкиот список!“
#НеОтворамВрата
...
https://www.youtube.com/watch?v=vlANOXs5WrQ