„Јас сум за отворање мостови, ама не можете вие кога некој од друга страна ве негира, кога настапува со НЕГАТОРСКА и шовинистичка политика, да правите мостови на тој начин. Сигурен сум дека премиерот и Владата имаат прифатено работи кои се надвор од Резолуцијата, за кои немаме никаков отчет. Тие трчаат по тој датум за преговори како кој знае што да е.
Тоа е еден вид да ја оправдаат, на некој начин, жртвата од Преспанскиот договор, затоа што тогаш повеќе се правеше спин дека наводно “Преспанскиот” е за евроинтеграции, а не толку за НАТО. Имате и еден сиромашен народ, на кој што треба некоја коска политичка да му се фрли, па после со тоа да се иде на избори и за жал, мислам дека СДСМ се спремни сѐ живо фактички да прифатат.
Ние сами се ставаме во изолација и сами си ги уништуваме преговарачките позиции со тоа што инсистираме на Европската унија, по секоја цена дека ние немаме алтернатива."
...
https://www.youtube.com/watch?v=ZWVjAdhB-OU
❌ Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.
? Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.
? ,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица - патните трошоци да бидат укинати", изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.
? За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог - закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.
⚠️ Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.
...
https://www.youtube.com/watch?v=nSepxr3y_1A
Иако советот на Општина Центар, на четвртата седница со 21 глас ЗА, изгласа да се стават двете точки на дневен ред за парцелите спроти „Холидеј Ин“, предложени од советничката група на ЛЕВИЦА и истите се одложија, сепак на продолжението не се гласаше по овие точки.
Имено, Левица со првата предложена точка бара РЕФЕРЕНДУМ за суспензија на градбите на овие парцели, додека пак со втората бара ИСТРАГА од страна на општинските инспекциски служби за законитоста на постапката за отуѓување на градежното земјиште.
И покрај исцрпното образложение на советниците на Левица за ваквите барања, за време на продолжението на четвртата седница и неприкосновената правна издржаност (повикувајќи се на членовите 36, 38, 39 од Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување и член 15 алинеа 4 од Деловникот на општината), сепак правната служба на општината и советничката група на СДС неосновано тврдеа дека овие точки немаат правна основа, мешајќи го ова барање со членовите кои се однесуваат на граѓански иницијативи за референдум.
Советот на Општина Центар како највисок одлучувачки орган на општината има полно законско право според горенаведените членови да ги задолжи службите да спроведат референдум на кој ќе им дадат право на Центарци да се изјаснат по ова прашање кое подеднакво ги засега.
Сепак, иако расправата не вроди со плод, Градоначалникот на општина Центар вети дека во најбрз можен рок ќе организира средба со внатрешни и надворешни експерти, како и со кординаторите на советничките групи, на која ќе се изнајд�
...
https://www.youtube.com/watch?v=xCrX5T3NfIY
ЗА ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА ВИНОВНИ СЕ ЕВРОПСКИТЕ БИРОКРАТИ
? Дел од гостувањето на портпаролот на #Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Тешки муабети“:
? „Најголема причина за евроскептицизмот во Македонија е самата Европа, односно европските бирократи. Во поглед на Македонија, Европа е сосема НЕПРИНЦИПИЕЛНА и сосема неконзистентна во политиките.
❗️И тоа е некој сигнал дека тука треба да се освестиме. Но, не можеме да се освестиме бидејќи изминатите години многу пари се имаат “пумпано” во Македонија - за да се створи тој привид дека немаме алтернатива.”
#Левица
...
https://www.youtube.com/watch?v=kF0atVrcmLA
- прес-конференција на портпаролот Амар Мециновиќ и координаторот на Социјалниот сектор - Катерина Јовановска
Пред повеќе од еден век, на први мај, работникот високо ги крена гласот и тупаницата на класната борба. Како тогаш, така и сега, нашата борба е обединета во вредностите кои се врежани во работничката класа, а тоа е желбата за достоинство и братска љубов помеѓу народите, за конечно разбивање на спрегите од капиталот.
Зошто некој да има се, а некој ништо и какви се нивните судбини? Запишано им ли е засекогаш да бидат сиромашни? За што тогаш ни служи законодавниот дом? За што ни служи здравиот разум? И нема никогаш да здивне виорот на неправдата, се додека не се задоволи социјалната правичност. Нема мир, во отсуство на егзистенцијална сигурност.
Токму во законодавниот дом на Република Македонија, таму каде што во 90тите се гласаше на крадење на судбините на работниците, сега децата на тие работници, преку Левица ја претставуваат волјата на обичниот човек. Како крик на потчинетите, и суд за неправедностите, единствената работничка партија која се бори за враќање на достоинството и работничките права во нашето општество, Левица е опасност по експлоататорите.
За само година и половина, со два пратеника во Собранието на РМ, поднесовме десетина законски решенија за унапредување на работничките права како исплата на платите до 5-ти, зголемвуање на минималната плата, воведување на работничка апанажа, намалвуање на горната граница за договори на определено време, гарантиран откуп на земјоделски продукти, прогл�
...
https://www.youtube.com/watch?v=cUcyrLBr_H8
Прес-конференција на Дарја Мустафаоглу, советничка од #Левица во Советот на Ѓорче Петров за ДУПот градска четврт СЗ 16 кој се наоѓа на границата помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Карпош:
„Ве известуваме за чекорите коишто ги презема и ќе продолжи да ги презема Левица, во однос на овој катаклизмички, урбанистички, односно бетонирани токсичен план, кој е исклучуво во интерес на политичките елити од ДПМНЕ и СДС, како и во интерес на апетитите на инвеститорите.
Токму за ова место во саботата градоначалникот Стојкоски, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а помогнати од министерствата со кои раководи СДСМ, шверцерски протнаа ДУП, кој предвидува над триесет нови згради на овој потег, од кои повеќето се висококатници.
Токму на плацот позади нас, ДПМНЕ на Имер Селмани му се одобри подигнување на дваесет и седумнаесет катници. Од ова место само од изградбата на предвидените станбени единици ќе се оствари профит од фантастични 240 милиони евра. Но, во предвидените над триесет станбени згради, односно 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници, на Општина Ѓорче Петров ќе и донесат 10 000 нови жители и 2675 возила. Иако се планирани нова градинка и ново училиште, тие ќе бидат недоволни да им понудат услуга, како на моменталната бројка на дечиња кои чекаат во општина Ѓорче Петров, така и на децата на семејствата кои ќе бидат вселени во новите бетонски чудовишта.
Дополнително, градинката и училиштето, согласно новодонесениот ДУП, би биле во близина на хемиски фабрики во кои, според нашите информации, би се произведувала козметика, средства за хигиена, средства за чистење, солна киселина, варикина и антибиотици. Овие фабрики се предвидени врз главниот цевковод и постои опасност од хаварија, односно опасност цело Скопје да остане без вода.
Левица подготви претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП поради повреда на законитоста и постапката за придонесувањето на истата. Од овој наш став нема да не оттргнат никакви закани и притисоци. Биле тоа од политичките елити и профитери, биле тоа од засегнатите инвеститори."
...
https://www.youtube.com/watch?v=rBDCArK41L8
Во вчерашното гостување на емисијата „Само Вистина”, пратеникот Борислав Крмов обелодени информации, според кои, изминатиот период Државниот завод за статистика лицата не се евидентирани со пописот ги внесува како попишани. Крмов потенцира дека се работи за бројка од околу 80.000 лица, кои ги има во базата на МВР, но не се евидентирани на пописот.
Тој повторно истакна дека само со бројка од 5.000 непопишани лица, пописот не може да се смета за успешен и затоа овој попис е нелегитимен.
„И пописот, и двојазичните униформи, и Бугарскиот договор и Преспанскиот договор, а и Охридскиот договор, сите тие се дел од постепеното губење на сувереноста и државноста на Република Македонија.
Сѐ што бараше ДУИ на претходниот попис, што беше нелегално по сите правила и прописи, сега беше дел од законот. Апостол Симовски е најодговорен за оваа ситуација и ние неколку пати кажавме дека ќе дојдеме по тие луѓе коишто учествуваат во растурање на државноста на Република Македонија.”
...
https://www.youtube.com/watch?v=dZf1LZr47zQ
„Нам ни’ требаат судии како Едвард Коук од Англија, коишто имале кредибилитет, да му се спротивстават дури и на кралот во 18. век, а не да бидат привезоци на извршната власт.
Кога доаѓаме до ликот и делото на Добрила Кацарска, едногласно предложената судијка од страна на Уставниот суд, бевме лишени од образложение на почитуваниот Киро Здравев, кој не ни’ објасни по која процедура е бирана, дали имало и други кандидати, дали е бирана од тефтерче, дали е бирана од дојава и слично... Бидејќи и Груевски така мислеше дека судиите од тефтерчињата вечно ќе му бидат благодарни што ќе ги стави судии, меѓутоа тоа не е така, бидејќи судија кој дозволил да биде биран од тефтерче е слуга на секоја власт...
Кацарска е единствениот судија, кој е осуден од Уставниот суд, каде ја бираме за Уставен судија. И наместо да биде разрешена за тоа, таа е номинирана да биде Уставен судија“
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=rNoEa6ObWuY
Во работата на Oпштина Аеродром, под палката на новиот градоначалник Тимчо Муцунски, се провлекува еден континуиран проблем на нецелосно и половично извршена работа. Истата пред граѓаните и јавноста се претставува како огромен успех и достигнување при што политички се злоупотребува општината.
Наместо општината да биде вистински сервис за жителите на Аеродром, таа се користи за политички маркетинг, кој не соодветствува со реалноста на терен.
Имено, по поплаките на граѓаните околу еден хаварисан автомобил во близина на ООУ „Љубен Лапе“, кој претставуваше потенцијална опасност за децата, општината го тргна автомобилот од таа локација. Наместо истиот веднаш да заврши во отпад, заврши под железничката станица каде има голема фреквенција на пешаци, меѓу кои добар дел и деца.
Друг ваков случај каде работите се извршуваат површно и нецелосно е дивата депонија при кејот на Вардар, во населбата Долно Лисиче која е исчистена само во видливиот покрај патот. Делот непосредно на брегот на реката Вардар не е воопшто исчистен.
Потсетување и за отворањето на половично реновираното стадионче во Ново Лисиче за кое реагиравме во еден од претходните пресови.
Бараме од Општина Аеродром да се престане со злоупотреба на самата општината за гол политички маркетинг, кога во суштина работата како во овие конкретни три случаи, а и во други за кои допрва ќе реагираме, не е докрај или е половично завршена.
Политичка Партија Левица - ЛО Аеродром
...
https://www.youtube.com/watch?v=x5gcmklkkdw