Костоски: Каде се парите од откажаните настани за култура во 2021 година на општина Прилеп?
За 2022 год. во програмата за култура се предвидуваат “вкупно потребни средства” од 8.970.000 ден. или окулу 146.000 евра за цела година. Тоа се нецели 0,66% од вкупниот буџет што е испод сите стандарди.
Само окулу 0,66% од вкупниот буџет или според бројот на жители на Општина Прилеп или тоа му доаѓа по 1,9 евра на жител. Сте издвоиле цели 117 денари по жител за цела година за култура.
0,66% е премалку! Порто, Португалија одделува 7% од вкупниот буџет на градот. Кажете ми пример од историјата на град кој без културолошки процут добил економска и архитектонска експанзија? Нема таков. Треба да знаете дека овие работи одат заедно, рака под рака.
Како дел од своето гостување, професорката #Ванковска во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик истакна: „Сега веќе се толку измешани работите што јас не знам и Соединетите Држави каква демократија имаат ако пред граѓаните ги имаат Бајден и Трамп како единствен избор! Така што за мене тоа не е баш некој висок дострел во демократијата“
...
https://www.youtube.com/watch?v=UfMUzPQYSP0
Очигледен е впечатокот дека Владата мери со погрешни мерила, дека немате допир со реалноста.
Вашиот пакет од 26 мерки тежи 400 милиони евра, а само санкциите против Русија ќе не коштаат 230 милиони ЕУР!?
Нема да ве чинат вас. Ќе ги чинат производителите на праски од росоман, ќе ги чинат производителите на јаболки од Преспа, ќе ги чинат производителите на зелка од Струмичко.
Вратете ја исплатата на плата да биде до 5-ти, а не до 15-ти во месецот. Вратете ја хранарината и патните трошоци на работниците. Не може само пратениците и функционерите да земаат патни трошоци.
Дали знаете дека омразениот закон на Зоран Ставрески, со кој работник кој останал без работа сам си плаќа здравствено осигурување, се уште е во сила!?
Вие ги бркате паметните сиромашни студенти да студираат надвор од Македонија!
Еден штипјанец кој работи во Скопје, годишно ќе плаќа 1.200 ЕУР за патарини, а еден Австриец плаќа 100 ЕУР за вињетка за цела година. Кој е тој стандард кој ова може да го издржи?
Зошто дуќанџиите, градинките, болниците и школите ни плаќаат „индустриска струја“!?
Ниту еднаш не спомнавте данок на луксуз. Дали знаете дека нема земја во ЕУ која нема ваков данок?
...
https://www.youtube.com/watch?v=Wxiz6ySQE0I
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно НЕ ја изгласаа Одлуката за набавка на нови автобуси. Во прилог репликата на советникот на #Левица - Амар МЕЦИНОВИЌ кон координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева.
Вашата партија и во Советот на Град Скопје е ДЕСТРУКТИВНА, како што е секаде каде што ќе дојде на власт. За одлуката за набавка на нови автобуси повторно навлегувате во некои детали, кои не ни треба тука да ги дискутираме.
Очигледно на СДС како партија што не знае да ги окрупни јавните капацитети, како партија која знае само да приватизира, ви е непоимливо да набавуваме нови капацитети. И тоа е проблем кој вашата партија го создаде."
#Левица
...
https://www.youtube.com/watch?v=W9h2RUMlWIA
Борислав Крмов во „Утрински Брифинг“: „Не може ние да бидеме опструирани, а власта од нас да бара конструктивност“
...
https://www.youtube.com/watch?v=WYnmhgS-ZMU
Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
„Од крајот на 2021 година, кога опозицискиот бран резултираше со пораз на СДС на локалните избори - го живееме времето на широката коалиција. Раководствата и функционерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не соработувале повеќе и не биле поблиски отколку сега. Двете најголеми партии кохабитираат на власт.
Се чини, дека пред нас претстои уште едно крунисување на нивната плодна соработка, во доменот каде што тие се најсреќни и конструктивни меѓусебно - а тоа е градежништвото.
Имено, во општина Гази Баба, ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50.000 квадратни метри - 16 згради со по над 10 ката, на простор поголем од ИстГејт мол - проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на жителите на Гази Баба и Скопје.
Здружените фирми во овој бизнис подвиг, се познати имиња кои ги следат низа коруптивни скандали. Повеќе детали за фирмите до медиумите ќе пратиме преку партиско соопштение.
Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ после 7 години опозиција не бира средства да ја наполни партиската каса, додека за СДСМ овој ентузијазам на нивните пријатели од ВМРО-ДПМНЕ е добродојден, бидејќи им овозможува непречено одвивање на криминалните дејности.
Монструозните Детални урбанистички планови кои ги сервираат градоначалниците на ДПМНЕ, потврдуваат дека партијата никогаш не ги штитела народните интереси - туку работела само за интересите на олигархијата - и заедно со СДСМ им ја приредуваат мизеријата на жителите на Скопје и Република Македонија.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=lfzspbgB3VM
? Пратеникот Борислав Крмов (Носител во ИЕ3) со порака за Парламентарни избори, 2024:
? ,,Со поголем број пратеници од Левица во Собранието, борбата ќе се мултиплицира, ќе се триплицира. Првпат по 30 години, македонскиот народ доби вистински народни претставници - тоа бевме ние двајца, претседателот Апасиев и јас.
Сега е работата да бидеме што поголем број! Да бидеме еден вид коректив на сите овие лоши работи што ни се случуваат во Собранието и Левица да продолжи да расте како единствена автентична опција која што еден ден ќе дојде на власт".
#НеподмитливитеВоСобранието
#Заокружи5
...
https://www.youtube.com/watch?v=JinQlRLk8Fo
Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена, а Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден.
Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата Претседател на Собранието, којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како Заменик претседател на Република Македонија.
Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.
Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки повреди од членот 14 на Кодексот, каде на вработените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство.
...
https://www.youtube.com/watch?v=NHoIcH7Lprk
Ставот на Левица е прекин на преговорите со Бугарија! Уште тогаш бевме против тој договор за кој предупредувавме дека е штетен. И сега ако истиот стане дел од преговарачката рамка, преговорите за Македонија кои досега беа лавиринт, ќе станат затворен лавиринт во некоја кружна форма!
Ова го говорам од две причини и во двете причини Франција ја има клучната улога.
1. Доколку овој договор кој нема јасни определби и е полн фоскули го внесеме во преговарачката рамка ќе овозможиме на бугарската страна слободно да го толкуваат истиот одново и одново, со што се овозможува Бугарија да поставува нови барања што ни го создаваат лавиринтот.
2. Во кружна форма лавиринтот го прави француската методологија која беше донесена претходно. До сега можевме да добиваме неограничен број пати на вето по 37 поглавја. Тогаш, ако го затвориме едното поглавје ние не можеме повторно да добиеме вето за истото.
Со новата методологија ќе го затвориме поглавјето, ќе помине време, 'ај повторно ќе го отвориме поглавјето - не сме задоволни од нешто' и повторно по истото поглавје Бугарите ќе можат неограничен број на пати да го искористат правото на вето.
- Дел од излагањето на Александар Симонов, Координатор на Левица - Сектор надворешна политика, по однос на преговарачката рамка која ЕУ ја нуди на Македонија.
...
https://www.youtube.com/watch?v=90NBuman--M