Модераторот на Левица во ЛО Аеродром, Дарко Масларковски, одржа прес-конференција на која ги обелодени криминалите на градоначалникот од СДС на општина Аеродром, Златко Марин.
„Иако ветуваше дека ќе се разликува од претходните, од неговите предизборни ветувања за капитални проекти нема ништо. Нема нов младински културен центар, нема средно училиште, рекордери сме во загаден воздух во цела Македонија и скоро нема никаква поддршка за младите од општината. Наспроти тоа има баснословни суми на тендери и јавни набавки - половина милион евра за чешмички и фонтани и нешто што последно ја вознемири јавноста во Аеродром, во време на корона криза - тендер од 1.577.000 денари (скоро 25 илјади евра) на бина, лед дисплеј осветлување. На таква бина би подзавиделе и светските ѕвезди.
Веков начин на водење општина и држава Левица нема да толерира. Ниту еден денар пари не смее да се одлева.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=cqaHgCp_jII
Првата прес-конферанција на гласноговорникот Амар Мациновиќ на Левица по повод локалните избори 2021. кршењето на избирачкото право и други недостатоци и неправилности.
...
https://www.youtube.com/watch?v=w5pnsF7IL1w
Говор на претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев на Комисијата за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања за измените во Деловниот за работа на Собранието:
,,Пречистените текстови на законите се рак-рана за правниците, прашајте ги во пракса. Не се воведува една многу едноставна одредба, да мора закон кој е менуван над 2 или 3 пати да е со пречистен текст. Не е тоа филозофија! Имаме закони кои се менувани по 20 пати.
Следниот проблем кој не сакате да го решите е неодзивањето на поканите на јавни функционери. Во САД не може да се случи некој во Конгресот да не дојде ако е повикан. Немаме реперкусија за функционер кој ние го бираме, ако не ни дојде еднаш, два пати, три пати, пет пати. Имаме ситуации кога цела година, цел мандат не доаѓа Јавен обвинител! Со паушални образложенија дека не може, дека е во странство, ваму-таму. Една одредба е, не е тоа филозофија некоја! Ставаме став каде што неодзивање на покана од Собрание е основ за разрешување, па нека си ја чукаат главата потоа дали нема да дојдат или ќе дојдат.
Следното е дискрецијата, затоа реков султанат! Наместо да го деконцентрираме спикерот, ние уште толку му даваме ингеренции!
Зошто Претседател на држава да не може да побара да се свика Собрание? Зошто Владата да не може да побара да се свика Собрание? Зошто 20 пратеници пак, или ако не сакате 20, може повеќе, ама кога ќе побара дел од органот да се свика седница, тоа не е некоја филозофија, не е којзнае што!
Го легализирате шверцератот со ЕУ знаменце. За јавноста да биде појасно, што е суштината на шверцератот: досега, шверцератот се правеше преку Комисијата за Европски прашања. Ако нешто не може да помине, се става европско знаменце и оди таму. Во новиов Деловник, сите закони во следниот парламентарен состав ќе бидат како сегашниот со европско знаменце. Тогаш, чуму ви е опозиција? Ова е единствениот орган каде што ние како опозиција може да ја натераме власта да преговара. Не можеме во Влада, тука можеме! Америка која е најстара демократија, не се осмелила филибастерот да го укинува, сега вие ќе го укинете?
Три дена? Јал-не јал, битка со ветерници, зошто да земам збор јас првиот ден кога знам дека на третиот ден вие ќе си го поминете законот? Зборувам, можеби во иднина Левица нема да биде опозиција, меѓутоа, принципиелно зборуваме, за било кој тука да е опозиција. Ова е парализа на парламентаризмот којшто го предлагате. Затоа, Левица нема бланко поддршка на овој процес и затоа Левица ќе даде суштински амандмани за кои верувам ќе преговараме, дека нема да идеме на нож во овој процес, за да на крај во ноември или декември си го изгласате како најмал заеднички соддржател на овие сили кои се собрале, политички сили кои се собрале во овој парламентарен состав за да работат во следниот."
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=Duk_EQkPic0
Во периодот од Јуни до Октомври 2022 година правното лице ЕВН Македонија-Кец Делчево без одобрение за градење, умислено и пакоснички извршува казнено дејствие по член 244 од кривичниот законик на Република Македонија.
Иако во проектот станува збор за надземен далновод, на терен е вршено поставување на подземен далновод, спротивно на основниот проект и тоа на тротоари, односно државно земјиште.
Со ваквите градежни дејствија и без одобрение за градење ЕВН Македонија-Кец Делчево изведувало градба на туѓо земјиште.
Интересот за планско развивање на просторот кој е во функција на задоволување на потребите, правата и интересите на граѓаните со ова дело е прекршено, со што Политичката партија Левица уште еднаш застанува во одбрана на сите граѓани на Република Македонија.
...
https://www.youtube.com/watch?v=zAc1d8LL8uk
Со веќе воспоставена пракса и со несмалена динамика советниците од Левица од Општина Аеродром и Град Скопје остварија средба со жителите од населбата Мичурин.
Поради големиот интерес и големиот број на Mичуринци, предност им беше дадена на повозрасните. Проблемите како и во останатиот дел од општината се пресликуваат. Од проблем со недостаток на паркинг места до ниското ниво на оддржување на хигиената.
Тоа што многу загрижува и на што ќе ставиме акцент е игнорантскиот однос на службите во Општина Аеродром и нивното непостапување по барањата на граѓаните.
Само од вчерашната средба имаме повеќе од 10 нереализирани барања кон различни служби. Фактот што и покрај промените на политичките партии од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, неодоговорноста и неодговарањето по барањата на жителите е константа.
Па така, има и барања од 2012 година, но и од 2019. Ова мора да престане и службениците кои работат во општината мораат да одговараат на прашањата и барањата на аеродромци без исклучок!
Ние како вистински претставници на народот, гласно ќе ги поставиме на идната седница и во име на народот мора да бараме одговори и решенија. Нашите средби продолжуваат секоја недела, сѐ дур не се помине целата територија на Општина Аеродром. Од Железничка станица до Долно Лисиче.
Луѓето се среќни дека конечно некој се сетил на нив надвор од предизборната политичка кампања. Ние, од Левица Аеродром пак сме среќни со тоа што можеме искрено да помогнеме во решавање на проблемите на нашите комшии и сограѓани.
...
https://www.youtube.com/watch?v=FGWeE037a0s
Вчера целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС!
Нашиот истакнат член на Централен Комитет, ИГОР СМИЛЕВ, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.
Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат.
Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот член Игор Смилев беше турнат на земја!
Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси.
Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата?
Дали вчера затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС?
Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат.
Јасно е дека секоја диктатура во нејзиниот залез се користи со најрепресивни методи и заплашувања, за очајнички да ги спаси своите последни денови на власт. Гневот на народот расте секојдневно кон хибридниот режим и блиску е денот кога сите овие извршители на погубните политики ќе бидат извадени пред лицето на правдата.
Нашата порака е јасна: Ниту бараме милост, ниту ќе добиете милост кога нашето време ќе дојде!
...
https://www.youtube.com/watch?v=AzdtCkugRxo
Не може сите седници, или продолженија на седници да бидат итни. Таа дискреција што ви е дадена од Деловникот, да ги закажувате седниците кога вие сакате, е само за итни случаеви, а не скоро секогаш.
Ние добивме смс утрово, во 09:00 часот, за закажана седница во 12:30 и во 13 часот. Тоа во ниеден Парламент го нема!
Меѓудругото, се’ што се случува овде после 18:00 часот, е НЕДЕЛОВНИЧКИ! Ова произлегува од член 68, став 4 од Деловникот на Собранието, кадешто прецизно стои дека треба ОДЛУКА од претседателот на Собранието за пролонгирање на седницата, а денес тоа го немаме.
...
https://www.youtube.com/watch?v=Wj84hOO6G34
Сите партии, освен Левица се естаблишменски партии, партии кои се поврзани со олигархијата и ја создадоа самата олигархија во 90-тите. И како што се менува секоја власт, само олигархијата не се менува, секоја олигархија си има свои сојузници во власта и затоа не може власта да донесе драконски мерки, затоа што тие егзистираат врз тие врски со олигархијата.
? Дел од гостувањето на Генералниот секретар на Левица - Јована Мојсоска во "Тешки Муабети" на Инфомакс
#инфомакс #левица #јованамојсоска
...
https://www.youtube.com/watch?v=94FpPRmKhMw
Целосната верзија на официјалниот предизборен спот на политичката партија Левица за предвремените парламентарни избори 2020 година.
...
https://www.youtube.com/watch?v=XRKTVjKo1HE