Апасиев: Неотворање врата на попишувачите не е кривично дело, се работи за блеф на Владата
Во изјава за Канал 5, претседателот на Левица децидно објаснува дека, според нашето кривично право, нема кривично дело без да има Закон, а во Законот единствено предвидено кривично дело е - уништување на пописен материјал!
„Се друго е шпекулација, тоа значи дека не постои кривично дело за организирање Бојкот, или неотворање врата на попишувачите, така што тоа е блеф на Владата“, потенцира Апасиев.
Програмата за превенција на детско престапништво која се најде на дневен ред на 6-тата седница на Совет на Општина Делчево, не предвидува конкретни мерки и активности за борба и превенција против детското престапништво кое што е во постојан пораст.
Од страна на советничката на Левица беа потенцирани недостатоците на програмата, меѓу кои: отсуство на временска и финансиска рамка за реализација, неможноста за пресметување на процентот на реализација според формулираноста на активностите, општи и произволно нафрлани насоки без да се направи анализа на ризик факторите кои треба да бидат основа за креирање на истата итн.
Безидејноста на одговорните и надлежните органи се огледа во предлагањето неефикасни решенија за општествените проблеми. Неквалитетните програми кои ги предлагаат и нивната индиферентност во пристапот за најосетливите теми во општеството, можат да резултираат само со неуспех на што им беше укажано. Занемарувајќи ги сериозните последици од несериозниот пристап кон ова прашање, Советот ја усвои оваа програма со 14 гласа ЗА и 1 ПРОТИВ
...
https://www.youtube.com/watch?v=bu4tasQQzTg
На дваесет и петтата седница на Советот на Општина Гевгелија, советникот од редовите на Левица, Јанчев, имаше поднесено иницијатива со која се предвидуваше изработка на Правилник со кој требаше да се предвидат критериуми за распределба на општински пари на спортските клубови од Гевгелија.
Сегашната пракса на правење програма за распределба на средства до спортските клубови во Општина Гевгелија е противзаконска. Програмата сега ја изготвува градоначалникот, а средства се делат без правилник што е спротивно на Законот за спорт кој предвидува дека таков правилник мора да има и дека програма за распределба на средства подготвува и предлага Комисијата за спорт на Советот, а не градоначалникот.
Советникот од Левица во Советот на Општина Гевгелија потенцираше дека ваквата пракса е мешање во надлежностите на Советот од страна на градоначалникот и дека истата негативно се одразува на развојот на спортот на територија на Општина Гевгелија.
Во дел од своето излагање советникот рече:
“Средствата се делат арбитрерно без утврден принцип за тоа кои спортови ќе имаат приоритет и кои резултати се очекуваат да се постигнат од дадените средства и тоа е една од причините зошто ни фалат спортски успеси.
Дури има и чудни ситуации кога клубови кои се бават со исти спортови и кои имаат идентични резултати да добиваат различни средства.”
Toj потенцираше дека изготвувањето на еден добар правилник ќе ги исправи сите овие работи и затоа јавно од говорница побара во процесот на изготвување да се вклучат Комисијата за спорт, останатите советниците и спортските работници.
Покрај тоа што беше потенцирано дека досегашната пракса е противзаконска, дека е законска обврска да се изготви таков правилник, дека досегашната пракса е мешање во надлежностите на Советот од страна на градоначалникот и дека истата прави проблеми, советниците од редовите на ДПМНЕ гласаа против и предлогот не беше усвоен.
ЛО ЛЕВИЦА ГЕВГЕЛИЈА
#ЛевицаОдСовет
...
https://www.youtube.com/watch?v=BJjlDeXJLS8
„По 40 години континуирано депонирање на отпадот, градската депонија „Алинци“ крај Прилеп ќе се рекултивира.“ – информираше бившиот градоначалник далечната 2015-та, кој како партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ уживаше дури 3 целосни мандати. Или точно 12 (дванаесет години) години!
Додека актуелниот градоначалник пак, во 2017-та, пред тогашните локални избори, со понудената локална програма на СДСМ го вети следново:
„Отварање на нова депонија по највисоки светски стандарди!“
Како што сме сите очевидци, ова е само уште едно празно и никогаш остварено ветување од страна на локалните гарнитури. И на ВМРО и на СДСМ. Типично за нив е интензивно да манипулираат и во афект, безгрижно да ветуваат брда и долини, исклучиво во пресрет на избори.
За да денес, ова е изгледот на депонијата с. Алинци, „по највисоки стандарди“!
Членовите на Левица се згрозени од овој крајно игнорантен и потценувачки однос кон обврските према граѓаните, од страна на локалната самоуправа во чија надлжност спаѓаат и комуналните дејности. Па така, во текот на вчерашниот ден повторно го пријавивме пожарот во територијалната противпожаранта станица во Прилеп (ТППЕ Прилеп). Оттаму не' информираа дека пред четири дена биле испратени четири противпожарни возила, за да помогнат во санација на пожарот на депонијата за која е одговорно јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комуналец“. На „Комуналец“ било оставено само да изврши насипување со земја (песок) на местото на згаснатиот пожар.
По изминати пет денови, а „Комуналец“ сеуште нема превземено ништо.
С�
...
https://www.youtube.com/watch?v=bpyf9oYwUBU
На 9-та седница на Советот на Oпштина Охрид, советникот на Левица, Виолета Аврамоска, побара да се обезбеди сигнализација на две раскрсници во Охрид , раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски.
Овие раскрсници се единствени во Охрид на кои има семафори, но тие не функционираат.
Движењето на раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски има голема циркулација на возила , особено ул. Питу Гули, која е улица со предност на минување. Семафорите на оваа улица веќе веќе подолго време не функционираат , така што практично движењето на возилата кон центарот на градот во утринскиот период , од 7 и 30 до 8 часот, е многу отежнато.
Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,, Христо Узунов", вака без сигнализација, загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци.
Во овој дел наутро има еден полициски службеник, но со тоа не се постигнува никаков ефект, бидејќи училиштето работи во две смени, а треба да се има во предвид и големиот одмор кој го имаат децата.
Токму поради тоа, советникот на Левица предложи на оваа раскрсница да бидат вклучени семафорите се' додека не се изнајде друго соодветно решение за обезбедување на раскрсницата.
Што се однесува до раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец, исто така беше предложено од советникот на Левица да бидат пуштени во употреба семафорите поради безбедноста на учесниците во сообраќајот, се' до донесување на посоодветно решение од страна на стручните за тоа.
...
https://www.youtube.com/watch?v=g0Vp89vhePo
- На ред е генералната проба за Бугари во Устав, почитувана македонска јавност! Ова ќе ви биде новата реалност. А Вие, почитуван Мицковски, веќе нема каде да бегате! Вие тука ќе си седите и ќе ја трпите вистинската опозиција, а тоа се овие шестмина арслани таму - вака го започна собранискиот говор денес, пратеникот и претседател на Левица, Димитар АПАСИЕВ.
Обраќајќи се директно кон Мицковски, Апасиев потенцираше:
- За ова што го направи, почитуван Мицковски, има македонскиот народ многу мудра изрека: ,,Вие отидовте по волна, а се вративте стрижени!" Ете - тоа направивте! Се чукавте во гради со 58, со 61 - колку купивте: тројца - четворица како на кванташки, за да дадете спикерско место и да одите кај Африм Гаши на ,,баци рака", за да ви закаже седница! Затоа Македонија повторно ќе биде ваша и само ваша, но не - на народот!
Апасиев истакна дека ДПМНЕ прави косоваризација на Македонија.
- Ќе нема парламент во светот на којшто ќе се пресадава на македонски јазик. Двојазичните документи за кои вашата сегашна претседателка Силјановска климаше со глава, кога со Мицевски приговаравме зошто ни се даваат двојазично, истата таа пракса ќе продолжи и сега - рече Апасиев.
Лидерот и пратеник, Димитар Апасиев, ги потсети пратениците од ДПМНЕ за лажираниот попис, за којшто собираа потписи, па ги фрлија во ѓубре. Ги потсети за етничката припадност во личните карти на нивниот нов коалиционен партнер, БЕСА... Ги потсети за двојазичните униформи, којшто уште Груевски ги прифати... За вештачките албански паралелки во Велес, во Чашка, во Гази Баба... За кворумџиите нивни кои правеа кворум и гласаа за измените со коишто стотици дпмнеовски функционери гонети од бившото СЈО, сега се слободни граѓани... За културно - забавниот живот кој ДПМНЕ го приреди за време на протестите за Францускиот предлог, додека Урсула им држеше лекции... За широката коалиција со Ковачевски... За саботажата на протестите за онкологија кога со циркуларка ги отповикаа нивните членови од теренот. За легализацијата на дивоградбите којшто ги одблокираа за да си ги легализираат нивните хациенди...
- Затоа, Вардар не ве пере за срамот што му го нанесовте на македонскиот народ - поентираше Апасиев.
...
https://www.youtube.com/watch?v=iIkuXc7WueI
Реплика на пратеникот Сашко ЈАНЧЕВ на пленарната седница за избор на нова Влада по однос на ставот на ДПМНЕ за Договорот со ,,Бехтел и Енка":
„Знаеме дека Бехтел после секоја империјална инвазија навлегува на новоосвоените територии и собира воен плен. Тоа ни се деси и нас по капитулацијата со Договорот за добрососедство и Преспански!
И Договорот со Бехтел е штетен. Тоа нема дилема!
Ефектите на терен ги има, оштетени се куќи кај Прилеп, оштетени цркви, загадени извори на вода, ендемичен вид на пеперутки... Таму каде што треба да се копа тампон, се копа мермер, има ваги за продавање итн.
Тоа што не ù е јасно на јавноста е постојаното ретерирање на ДПМНЕ по ова прашање. Пред година дена пред избори бевте многу ратоборни: го добивавте Договорот од свиркачи, баравте обвинителство да реагира, дававте споредби со Србија за исти делници и се создаваше слика дека кога ќе се смени власта, тоа ќе се расчисти веднаш, за месец дена пред избори да се смени плочата.
Сега, нема таква ратоборност, сега ,ќе се репреговарало', за да не се плаќало штети, иако тоа со штетата е жива глупост. За сега да добиеме програма во која нема ниту ,Р' од репреговарање. Имаме, зборови како ,оптимизација, рационализација на трошоци, рокови, динамики за изградба', па дури пред овие зборови се користи и синтагмата ,сериозни чекори'. Врска нема!
(...) Ако се има предвид дека се крие Извештајот, мене јасно ми е дека ќе свиткате џам под вода по ова прашање и дека си легнавте на брашното!
Но, сакам да кажете конкретно што ќе правите по однос на коридерите 8 и 10Д, тука од говорница, за да ве има во архива?"
...
https://www.youtube.com/watch?v=k1MO3WOucsA
(прес-конференција на Бранко Ристов, Претседател на Советот на Општина Карпош)
Како претседател на советот на Општина Карпош од редовите на Левица, првично, се обраќам поради одлуката за стопирање на изградбата на 28 катницата во близина на "Жан Митрев", а потоа и поради општите околности во Карпош.
Одлуката го задолжува градоначалникот и Општината да стопира со издавање дозволи за градба, како и за изработување на елаборат за суспензија, со крајна цел ревизија на истиот. Во овој случај, блок 08 од ДУП З 05 како простор предвиден за зградата во прашање. Одлуката е донесена со 12 гласа ЗА на седницата одржана на 18 август. Ова е исчекорување нанапред и воедно преседан за Карпош во борбата против урбанистичката мафија.
На мое изненадување, Градоначалникот кој изјави дека се противи на изградбата на висококатницата на локацијата, сепак, не ја поддржа одлуката на Советот, преку неговите советници и дополнително ја користи администрацијата за одлуката да не стапи на сила.
До денес, во овој мандат имаме две инстанци кога Градоначалникот саботира седници и две кои не ги прифаќа како постоечки. На првата, ги повлече сите точки од дневниот ред во моментот кога стана извесно дека ДУП-от за "Пуцко Петрол" нема да помине. За да ја исполни целта, сепак, свика вонредна седница со таа цел.
Во јули, на ист начин беше саботирана втората седница, повлекувајќи ја администрацијата, на која исто така се наоѓаше точката за спречување на оваа 28 катница.
Оттука можеме да видиме дека Градоначалникот оди сам против себе и својата неодамнешна телевизиска изјава во врска со 28 катницата. Големата слика е уште позагрижувачка, бидејќи Градоначалникот своеволно одлучува кога Советот ќе има седница, која седница ќе се дозволи да се одржи, и која седница е важечка. Градоначалник по функција нема право да оспорува легитимноста на совет само затоа што е без мнозинство кое како безгласна буква ќе прифаќа се што тој одлучил на своја рака.
...
https://www.youtube.com/watch?v=pseBF2Y7X-w
„Дали мерните станици за загаденост на воздухот кои не функционираат ќе се поправат или заменат и дали се набавени термо-дронови кои снимаат загадувачи, и ако се, зошто тие се' уште не се во функција?“
Прашање на советникот на Левица, Амар Мециновиќ во рамките на вчерашната седма седница на Советот на Град Скопје посветена на советничките прашања.
#ЛевицаОдГрадСкопје
...
https://www.youtube.com/watch?v=QqK7vvBwcLw