Крмов кон Џафери: Законите на Левица намерно и противделовнички се чуваат во фиока
„Јас тука се повикувам на Член 137: „Предлог-закон се поднесува до Претседателот на Собранието, веднаш, а најдоцна во рок од ТРИ работни дена од денот на поднесувањето, го доставува до пратениците во писмена или електронска форма, со што започнува законодавната постапка."
Значи нашиот закон е поднесен на 27 април, а сега сме веќе 8 јуни, па моето прашање е: aко деловникот ве обврзува веднаш или во рок од три работни дена да го доставите до пратениците, зошто МЕСЕЦ И ПОЛ и повеќе не е законот доставен?!
Дали одредени закони кои што на вас и на владејачкото мнозинство не ви се допаѓаат, еве како на пример, нашата Декларација против бугарските национал-шовинистички претензии, ги држите во фиока? ... https://www.youtube.com/watch?v=oJPI-DFl3RY
Димитар Апасиев по повод Дискусија за Надзорна расправа за стечајот над Еуростандард Банка.
Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев од собраниска Комисија за финансирање и буџет, по повод Дискусија за Надзорна расправа за стечајот над Еуростандард Банка.
Владејачкото мнозинство беше приморано да ја прифати иницијативата на парламентарната опозиција за Надзорна расправа.
...
https://www.youtube.com/watch?v=7A89vXF-1KQ
❌️„Новиот Деловник е УБИСТВО за опозицијата и се предвидува целата постапка за носење закони да изгледа како сегашната брза постапка (со озглогласеното европско знаменце. Тоа значи опозицијата нема да може да БЛОКИРА закони и тоа ќе значи џабе ќе имаш опозиција!
#Левица сега успеа да блокира неколку закони: како првиот Деловник кога сакаа да гласаат од дома по пиџами; блокиравме етничка припадност во лични карти; блокиравме зголемување на платите на уставните судии.. Ова ќе биде убивање на духот на парламентарната демократија.
❗️ДПМНЕ сето ова го испреговарало и го слават како консензус, каде се обединија власта и опозицијата!"
?️Претседателот на Левица - проф. д-р Димитар Апасиев во "Тешки Муабети".
#ДимитарАпасиев
...
https://www.youtube.com/watch?v=qjsM0tu5BtY
„Во мојата општина ми пречи дехуманизацијата на просторот!
Уште како студент, можев да гледам како не треба - бидејќи токму во тој период се работеше Дебар Маало.
Би сакал да има директна соработка помеѓу граѓаните и општината и тие да бидат прашани за сè она што се случува во нивната општина.
Се залагам за јавни конкурси, особено кога се работи за урбанистичките решенија“
#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаВоСоветите
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=b5DNe9OjLBw
По бројните поплаки на жителите на Центар особено на оние од боемската четврт - Дебар Маало дека недостасуваат пешачки зони, советниците на Левица во Општина Центар на 10тата седница на советот, ставија точка на дневен ред - ЗАТВОРАЊЕ НА БОЕМСКА 2 ЗА СОБРАЌАЈ И ПРЕНАМЕНУВАЊЕ НА ИСТАТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА.
Иницијативата има за цел боемската четврт во главниот град да биде налик оние од светските метрополи каде ќе има безбеден простор за движење на пешаците, каде нема да се движат возила, ниту пак нивното движење ќе биде попречено од угостителските маси и столици.
Покрај тоа, советниците на Левица дадоа и конструктивни предлог решенија за уредување на правилникот за угостителите донесен од претходниот совет според кој е предвидено да се урнат сите тераси за кои добиле претходна дозвола од Град Скопје и според кој истите во Општина Центар не би имале повеќе интерес да инвестираат и работат. Против истиот правилник е поднесена и иницијатива од страна на угостителите, која е доставена до сите советнички групи.
Советниците на Левица со предложената точка за затворање на ,,Боемска 2" дадоа ,,Соломоново" решение барем за Дебар Маало, за задоволување на потребите на двете засегнати страни.
За спроведување на ова предлог решение формирана е специјална комисија, сочинета од кординаторите на советничките групи кои дирекно ќе учествуват во неговата реализација.
Точката беше усвоена со 16 гласа ЗА.
За оваа точка гласаа советниците на Левица, дел од советниците на СДС и дел од советноците на ДПМНЕ. На наше големо изненадување, советничката група ,,Шанса за Центар" не ја поддржа оваа иницијатива, иако сме сведоци за нивното гласно медиумско критикување како во Дебар Маало нема место за пешаците, за жал освен гол популизам, од нив до сега не видовме никаква иницијатива, подршка ниту понудено решение по однос на овој проблем. Се надеваме дека во иднина и тие ќе се одлучат да бидат дел од решенијата за проблемите на Центарци.
...
https://www.youtube.com/watch?v=Y5XNypMBGuc
„По 40 години континуирано депонирање на отпадот, градската депонија „Алинци“ крај Прилеп ќе се рекултивира.“ – информираше бившиот градоначалник далечната 2015-та, кој како партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ уживаше дури 3 целосни мандати. Или точно 12 (дванаесет години) години!
Додека актуелниот градоначалник пак, во 2017-та, пред тогашните локални избори, со понудената локална програма на СДСМ го вети следново:
„Отварање на нова депонија по највисоки светски стандарди!“
Како што сме сите очевидци, ова е само уште едно празно и никогаш остварено ветување од страна на локалните гарнитури. И на ВМРО и на СДСМ. Типично за нив е интензивно да манипулираат и во афект, безгрижно да ветуваат брда и долини, исклучиво во пресрет на избори.
За да денес, ова е изгледот на депонијата с. Алинци, „по највисоки стандарди“!
Членовите на Левица се згрозени од овој крајно игнорантен и потценувачки однос кон обврските према граѓаните, од страна на локалната самоуправа во чија надлжност спаѓаат и комуналните дејности. Па така, во текот на вчерашниот ден повторно го пријавивме пожарот во територијалната противпожаранта станица во Прилеп (ТППЕ Прилеп). Оттаму не' информираа дека пред четири дена биле испратени четири противпожарни возила, за да помогнат во санација на пожарот на депонијата за која е одговорно јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комуналец“. На „Комуналец“ било оставено само да изврши насипување со земја (песок) на местото на згаснатиот пожар.
По изминати пет денови, а „Комуналец“ сеуште нема превземено ништо.
С�
...
https://www.youtube.com/watch?v=bpyf9oYwUBU
Дел од вчерашната атмосфера за време на отворањето на новата канцеларија на Левица - Центар.
#ЛевицаВоЦентар
#ЦрвенЦентар
#ОпштинитеЗаНародот
#ЗаокружиБрој15
...
https://www.youtube.com/watch?v=HbSyQnsJ2Mw
Народе Македонски
?️Во изведба на Тихомир Јакимовски (баритон) и Андреј Наунов (пијано) на Вториот #Пленум на #Левица
...
https://www.youtube.com/watch?v=FfdyI08SKsg