Денеска Куманово го слави денот на градот! 11-ти ноември 1944 година, денот кога нашиот град Куманово е ослободен од фашистичките окупатори.
Борбите за ослободување на градот се воделе од 1-ви до 11-ти ноември, а во истите учествувале чети на борците од НОБ од Куманово и околината. На 11 ти ноември градот бил конечно ослободен, а народот ја прославил победата наредниот ден со голем собир на градскиот плоштад.
Во четиригодишна крвава борба против фашистичкиот непријател, учествувале над 2000 борци од кумановскиот регион. Куманово, градот првоборец даде и осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски, Христијан Тодоровски-Карпош и Трајко Стојковски-Бузо. Слава им!
Куманово како град на револуцијата токму каде и што пукна правата пушка на 11-ти октомври, може и заслужува посилна и поинтензивна борба против империјалистичките пропаганди и дејствија.
Да живее слободно Куманово!
Смрт на империјализмот, слобода на народот!
...
https://www.youtube.com/watch?v=IjxHrbmLTao