„Би требало да знаете дека имаше референдум за промена на името и дури две третини од народот активно и политички го бојкотираа тој референдум. Но, наспроти демократски изразената волја на народот, Владата на Македонија и Владата на Грција потпишаа договор за промена на името. Кога сме на темата Македонија: најголемиот дел од македонската територија е во сопственост на грчката држава, дел е во сопственост на бугарската држава и само еден дел е во сопственост на македонската. Каков проблем имате вие со оваа вистина?“
Ова е дел од говорот на германскиот пратеник Александар Ној, член на политичката партија Die Linke (превод: Левицата). Тој, останувајќи доследен на еден од основните левичарски принцип за почитување на правото на народите, не отстапува од јавната поддршка за македонското прашање.
За жал, пратеникот Ној е малцинство од европската левица, па дури и во неговата партија. Die Linke е членка-партија на европскиот сојуз на леви партии European Left (Европска Левица) во која сѐ уште доминатна улога игра грчката ревизионистичка партија Сириза. Иако далеку од вистински работничка партија, Сириза како единствената владеачка партија од сојузот, во голема мера ги диктира ставовите на Европската Левица и нивната поддршка за Преспанскиот договор.
Задачата на искрените левичари е да се организираат и во рамките на своите држави (национално) и во регионални/светски рамки (интернационално) со цел да се поразат опортунистите, реформистите и социјал-демократите кои - иако се агенти и политички претставници на владеачката класа
...
https://www.youtube.com/watch?v=T_XcOnoqMj8
Нашиот член на Президиумот - ЈОВАН КРАЈЕВСКИ за студентските барања во дебата на ТВ24:
„Да се штеди на студентите, за нас како нација е поразително. Револтот на студентите не е само поради студентскиот оброк, туку на протестот имаше и други барања, како на пример, студентите ретроактивно да се исплаќаат.
❌Тие бараат да бидат изземени од мерките за штедење. Дел од владините мерки е студентските домови да ја намалат потрошувачката на енергија за 15% во однос на минатата година.
Што е небулозно, затоа што студентските домови минатата година не работеа.”
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=i1HM4pv1pww
ПРАТЕНИКОТ БОРИСЛАВ КРМОВ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
“Со ребалансот на буџетот се предвидува за 30% повеќе пари за МЕБЕЛ во МТСП, а 0 денари за спас на Преспанското езеро. Се предвидува и кратење на пари од здравството, наместо да се скратат привилегиите на функционерите?!”
#ЛевицаОдПарламент
...
https://www.youtube.com/watch?v=hLSEk-aAvqc
„За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме заклучоците на Владата, со цел да не му даваме муниција на Талат да изигрува уставен судија, односно да толкува Устав.
Поентата е дека сега се оди согласно Членот 24 од Законот за Референдум.
Референдум на државно ниво - ние ќе бараме ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Референдум - може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието, што значи ДОПОЛНИТЕЛЕН.
Ние не го напаѓаме директно Францускиот предлог, бидејќи во тој случај, Џафери ќе рече тоа не е надлежност на Собранието и ќе биде во право.
Владата, сакајќи да демонстрираат сила и ЕУ-фундаментализам, го усвои Предлогот во Собрание и сега имате акт кој што согласно Закон за Референдум ние го ставаме на Референдум.
На овој начин, рацете на Џафери ќе бидат прилично врзани за одбивање."
- Секвенца од вечерашното гостување на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, каде ексклузивно го објави референдумското прашање.
...
https://www.youtube.com/watch?v=6A_hX4QX2QA
?Иницијативата на Левица престојот во детските градинки да биде бесплатен беше усвоена со неколку заклучоци и дополнувања!
✅Од септември Општина Кавадарци ќе биде првата Општина во Македонија каде престојот и исхраната на децата во детските градинки ќе биде бесплатен.
Градоначалникот Митко Јанчев предложи дополнувања за ефективна реализација на оваа иницијатива и тоа:
1️⃣Да централната власт преку Министерство за финансии/Ministria и Министерство за труд и социјална политика ги одобри вработувањата за воспитен кадар во ЈОУДГ ,,Рада Поцева” онаму каде што се планираат пензионирања или отварање на нови капацитети;
2️⃣Услов за ослободување од партиципација е да приходите на родителот не бидат повисоки од просечната месечна плата (која месецов е околу 31 000 денари), со цел да се спречи злоупотреба на мерките од привилегираните во општеството!
?Советничката група на СДСМ Кавадарци ја поддржа иницијативата со свои заклучоци кои не беа усвоени по долгата дискусија!
?Членот на Советот Krume Bogevski од говорница рече:
,,Оваа иницијатива е посебна за мене, станува збор за згрижување на деца, за образование, станува збор за решавање на неколку социјални проблеми, а посебна е и затоа што со неа согледав нешто ново!
Во текот на овие две недели согледав еден контраст колеги!
Додека во оваа зграда слушнав “Ех што ќе сменат тие 1500 денари, кај биле кај не биле!”, на улица слушав “Браво, конечно ќе можам да почнам да барам работа, додека детето ми е згрижено во градинка!”
А тоа ми кажува само едно, многумина во оваа зграда се привилегирани! Многумина изгубиле допир со народот, со оној народ чиј избраници се тие! Многумина, со чест на исклучоци се слепи на сиромаштијата, се слепи на проблемите со кои се соочуваат огромен број на наши сограѓани, а на општинскиот и државниот буџет се сеќаваат само кога можат самите да уживаат привилегија!
Затоа, поддржете ја иницијативата колеги, а администрацијата ја молам да најде начин да постапи по неа!
Да воведеме нова социјална политика во работата на Советите, а Кавадарци да е првата Општина во државата каде згрижувањето на децата ќе биде право, а не луксуз!” ?
...
https://www.youtube.com/watch?v=irnYZPUPz6E
Изјава на пратеникот Борислав Крмов за предлог законите за државјанство и попис
Предлог законот за државјанство ги разлабавува условите до таа мера, што ние буквално се сомневаме дека ќе имаме ситуација кадешто албанските партии во Македонија, ќе можат да си купуваат гласови. Имено, било кој кандидат за државјанство на Република Македонија, нема потреба да го знае македонскиот јазик. Малтене нема потреба да го знае ни албанскиот јазик, затоа што се бара само да владее најмалку еден од службените јазици на Република Македонија, до тој степен да може лесно да се разбере во околината! Уште повеќе, се бара само изјава од тројца сведоци, за коишто не е ни наведено дали треба да бидат државјани на Р. Македонија, за било кој жител од бившите републики на СФРЈ да може да добие македонско државјанство!
Овој Закон за државјанство се прави во склад со предлог Законот за попис. Условно пратеничката група на Алијанса и Алтернатива се во опозиција, но ние се сомневаме дека тие работат со власта! Според предлог Законот за попис, може да се попишува се живо и диво, кога ги гледаме двата закони заедно, со право се сомневаме дека ова има задни намери и дека СДС ќе ги поддржи!
Izjava na pratenikot Borislav Krmov za predlog zakonite za drzavjanstvvo i popis
...
https://www.youtube.com/watch?v=JItmNCenH0k
Сѐ додека ДУИ е власт или дел од власта, ние не можеме ни да помислиме на ЕУ, бидејќи ќе се доведеме во ситуација и покрај внесувањето на Бугари во Устав да добиеме вето за корупција.
? Дел од гостувањето на Генералниот секретар на Левица - Јована Мојсоска во "Тешки Муабети" на Инфомакс
#инфомакс #левица #јованамојсоска
...
https://www.youtube.com/watch?v=8G7mYtb-aVM