Вчера целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС!
Нашиот истакнат член на Централен Комитет, ИГОР СМИЛЕВ, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.
Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат.
Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот член Игор Смилев беше турнат на земја!
Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси.
Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата?
Дали вчера затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС?
Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат.
Јасно е дека секоја диктатура во нејзиниот залез се користи со најрепресивни методи и заплашувања, за очајнички да ги спаси своите последни денови на власт. Гневот на народот расте секојдневно кон хибридниот режим и блиску е денот кога сите овие извршители на погубните политики ќе бидат извадени пред лицето на правдата.
Нашата порака е јасна: Ниту бараме милост, ниту ќе добиете милост кога нашето време ќе дојде!
...
https://www.youtube.com/watch?v=AzdtCkugRxo
„Во типичен НГО манир, значи етничката и родовата дискриминација вие ja уважувате и донесувате некои мерки за да ја намалите, но социјалната дискриминација ја продлабочувате. Најверојатно и свесно. И сега, за првпат нели и сиромашни деца ќе дошле до таблети… Вие зборувате само за 4000 деца кои што нели наводно ги исполниле условите и ако сигурно се многу повеќе, ама нели да не ви е трошокот голем. Додека од друга страна пак ќе кажам, еве во Хрватска сите основци добиле ист таблет. За да не носат целна дискриминација меѓу децата и социјално делење на две класи, на богати и сиромашни, туку сите... значи не едно од 3.000 а друго од 30.000. Понатаму викавте - проблем биле тендерите, значи пак ќе кажам 4 години сте на власт, ако вие не можете да спроведите тендери како што треба, кој е крив!? Така!? Од друга страна, на државно печатете ги. Еве, ние на пример - Левица државно ќе ги печатиме учебниците кога ќе дојдеме на власт.“
...
https://www.youtube.com/watch?v=CYIsQxioO5A
Обраќањето на пратеникот на Левица - проф. Димитар Апасиев, по повод неделовничкото конституирање на новата Влада.
...
https://www.youtube.com/watch?v=oOwiZQgmspY
*Обраќање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА, Совет на Град Скопје
Надоместот за образовни асистенти за децата со попреченост во средните училишта дупло зголемен благодарение на Левица.
Од оваа учебна година образовните и личните асистенти кои работат со деца со попреченост во средните училишта во Скопје, ќе добијат зголемен надоместок по усвоен амандман на советниците на Левица во Град Скопје.
Со овој амандман средствата наменети за образовни и лични асистенти кои што работат со децата со попреченост во средните училишта, се зголеми за дополнителни 1.500.000 денари или вкупно за оваа намена се предвидени 3.000.000 денари.
Со измената на Програмата за образование, иницирана од усвоениот амандман на Левица, а која што вчера беше изгласана од страна на советниците, надоместокот за образовни и лични асистенти за децата со попреченост во средните училишта во град Скопје, од 9.000 денари ќе се зголеми на 14.000 денари, а за секој дополнителен ангажман, надвор од предвидените 20 часа неделно, ќе следува и додаток од плус 4.000 денари, со што практично двојно се зголемува надоместокот, кој досега се исплаќаше за оваа намена.
„Досегашната пракса покажа дека многу деца со попреченост во средните училишта во Скопје, немаат образовни или лични асистенити, од причина што нема доволен број на асистенти. Една од причините за незаинтересирасноста и слабиот одзив на јавните повици за ангажирање на лични и образовни асистенти е нискиот надоместокот кој се одвојува за оваа намена и изнесува 9.000 денари. Сметаме дека зголемувањето на надоместокот за образовни и лични асистенти ќе биде стимул за што повеќе лица да се пријават на јавните повици за образовни и лични асистенти и дека со тоа ќе се обезбедат доволен број на асистенти, за секое дете со попреченост кое што има потреба да добие личен или образовен асистент“ – истакна Катерина Јовановска, член на Советот на Град Скопје од редовите на Левица.
...
https://www.youtube.com/watch?v=M2lun-clZSg
„По 40 години континуирано депонирање на отпадот, градската депонија „Алинци“ крај Прилеп ќе се рекултивира.“ – информираше бившиот градоначалник далечната 2015-та, кој како партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ уживаше дури 3 целосни мандати. Или точно 12 (дванаесет години) години!
Додека актуелниот градоначалник пак, во 2017-та, пред тогашните локални избори, со понудената локална програма на СДСМ го вети следново:
„Отварање на нова депонија по највисоки светски стандарди!“
Како што сме сите очевидци, ова е само уште едно празно и никогаш остварено ветување од страна на локалните гарнитури. И на ВМРО и на СДСМ. Типично за нив е интензивно да манипулираат и во афект, безгрижно да ветуваат брда и долини, исклучиво во пресрет на избори.
За да денес, ова е изгледот на депонијата с. Алинци, „по највисоки стандарди“!
Членовите на Левица се згрозени од овој крајно игнорантен и потценувачки однос кон обврските према граѓаните, од страна на локалната самоуправа во чија надлжност спаѓаат и комуналните дејности. Па така, во текот на вчерашниот ден повторно го пријавивме пожарот во територијалната противпожаранта станица во Прилеп (ТППЕ Прилеп). Оттаму не' информираа дека пред четири дена биле испратени четири противпожарни возила, за да помогнат во санација на пожарот на депонијата за која е одговорно јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комуналец“. На „Комуналец“ било оставено само да изврши насипување со земја (песок) на местото на згаснатиот пожар.
По изминати пет денови, а „Комуналец“ сеуште нема превземено ништо.
С�
...
https://www.youtube.com/watch?v=bpyf9oYwUBU
Левица е партија која постои и се гради да служи како инструмент за менување на овој систем кој им служи на елитите, за сметка и штета на обичните граѓани.
Поддршката за Левица како единствена автентична партија на трудот секојдневно расте. Локалниот огранок на Левица од Виница, како дел од тој инструмент е во постојан раст, како резултат на тој раст и потребата да бидеме достапни за граѓаните ја отвараме канцеларијата на ЛО Виница.
...
https://www.youtube.com/watch?v=qDwBn6dwPt8
Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа.
Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци.
Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес.
На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери.
На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат!
#НеподмитливитеВоСобранието
#Заокружи5
#НемаВладаБезЛевица
...
https://www.youtube.com/watch?v=cLtOHlhDU_Q
Укинување на приватните агенции за обезбедување и формирање посебна управа за обезбедување јавни објекти и институции во рамките на министерството за внатрешни работи.
#ДржаватаЗаНародот
#ЛевицаВоПарламент
За повеќе информации за левица и програмата посетете го нашиот и фејсбук фан пејџ : https://levica.mk/
https://www.facebook.com/PartijaLevica
...
https://www.youtube.com/watch?v=WiH082cHnRo